• Latest
Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Пригожин повторно го поткопува авторитетот на Путин, дали веќе се гледа како негов наследник?

May 29, 2023

24 ЧАСА: Рамковниот и по 24 години потпалува националистички страсти; Украина не се откажува од Донбас, дециден Зеленски; протести на Алјаска против средбата Трамп-Путин

August 13, 2025
Фото Б. Јордановска/ ЦивилМедиа

Фики Гаспар за ЦИВИЛ Медиа: Децата не треба да се дел од кампањи, ниту од било каква политичка пропаганда

August 13, 2025

Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Без експерти во просторијата: Трамп ќе се сретне со Путин во Алјаска без специјалисти за Русија во неговиот тим

August 13, 2025

Литванија ќе обучува 22.000 луѓе, вклучувајќи деца на возраст од осум години, како да градат и управуваат со дронови за да им се спротивстават на заканите од Русија

August 13, 2025
Фото: МИА архива

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

August 13, 2025
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025
Фото: ВИ

Мрачни денови за Македонија: Брат го уби братот, син ја закла мајка си, малолетник со калашников остави крвав траг

August 13, 2025
Фото: Архива

Формирана Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на ДКСК, со работа ќе продолжи по локалните избори

August 13, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал; Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пригожин повторно го поткопува авторитетот на Путин, дали веќе се гледа како негов наследник?

May 29, 2023 14:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената паравоена група Вагнер, се чини дека повторно индиректно ги поткопа авторитетот и режимот на рускиот претседател Владимир Путин, откако предходно потсмевајќи се на руската победничка парада и, иако не го спомена по име, рече дека тој (Путин) можеби не е среќен „дедо“, туку „целосен шупак“. Тој подоцна се правдаше дека не зборувал за Путин.

Пригожин во одговор на новинарско прашање за руските државни медиуми кои забрануваат какви било дискусии за силите на Вагнер, наведе дека неименуваните руски бирократи ќе имаат корист од таквата цензура само на краток рок од еден до три месеци пред рускиот народ да се врати назад и да почне да ги мрази бирократите.

Пригожин изјави дека руските функционери би можеле да уживаат во нивната историска способност да го цензурираат руското општество доколку Русија не ја започнеше војната во Украина.

Пригожин потоа му дал совет на неименуван службеник: „Ако започнувате војна, ве молиме имајте карактер, волја и „челични топки“ – и само тогаш ќе можете да постигнете нешто“.

Пригожин имплицираше дека остварувањето вистински достигнувања ќе му овозможи на службеникот да избегне лажење за изградбата на нови згради, метро станици и мостови во обид да изгледа добро.

Пригожин потоа ја префрлил дискусијата од разговор за неименувани руски функционери на директно обраќање на еден човек. Коментарите на Пригожин најверојатно се насочени кон Путин, кого руските државни медиуми рутински го прикажуваат како лидер кој е лично вклучен во мали инфраструктурни проекти и животите на обичните руски луѓе. Путин беше домаќин на годишните повеќечасовни прес-конференции „Директна линија“ со конституенти на кои тој често одговараше на прашања кои се најпогодни за локалните власти.

Пригожин можеби го напаѓа Путин затоа што не му дал некоја ветена награда за освојувањето на Бахмут. Претходниот напад на Пригожин врз ликот на Путин се случи на 9 мај – симболичен празник што Путин можеби сакаше да го искористи за да ја прикаже наводната победа на Русија во Бахмут како достигнување еквивалентно на налетот на Советскиот Сојуз кон Берлин во 1945 година.

Државните медиуми на Кремљ го споредија заземањето на градот Бахмут со советската победа во Берлин на 21 мај, што веројатно укажува дека Кремљ се подготвувал да ја поврзе победата во Бахмут со Денот на победата. Пригожин тврдеше дека Вагнер ефективно го зазел Бахмут до 10 мај и го исчистил градот до 20 мај, и се обиде да го обвини доцнењето во заземањето на градот од страна на Вагнер поради задржувањето на муницијата од страна на руското Министерство за одбрана (МО).

Тој, исто така, тврдеше дека неговата офанзивна операција „Бахмут“ убила половина од украинската армија, изјава што рускиот ултранационалист Игор Гиркин ја прогласи за лажна. Пригожин, исто така, тврдеше дека Вагнер отворил отскочна даска за понатамошни офанзивни операции во Донбас и саркастично истакна дека руските редовни сили подредени на руското Министерство за одбрана ќе можат да стигнат до реката Днепро, да ги заземат териториите на четирите анектирани региони и да ги заземат украинските упоришта на запад и северно од Бахмут.

Нетрпеливоста помеѓу Пригожин и високите претставници во руското МО трае веќе подолго време, а се чини дека кулминираше со обвинувањата на Пригожин кон руското воено раководство кое го посочува како неспособно и директно одговорно за неуспесите на бојноито поле, особено за неуспехот да се освои Бахмут.

Нападите на Пригожин кон Путин и руското МО, во комбинација со неговото фалење со достигнувањата на Вагнер, може исто така да сугерираат дека Пригожин е фрустриран што не добил некоја ветена компензација за неговата победа во Битката за Бахмут.

Руското МО можеби намерно го саботирало Пригожин неколку дена или недели пред 9-ти мај за да го спречи Вагнер да ги освои преостанатите неколку блокови во западен Бахмут пред Денот на победата, како што сугерира Пригожин. Путин можеби намерно ги занемарил таквите саботажни напори на Министерството за одбрана за да избегне да го исполни секое ветување што Пригожин мисли дека Путин му го дал.

Пригожин претходно изјавил дека доколку му се дадат 200.000 лица, Вагнер би постигнал натамошен голем напредок на фронтот.Изјавата на Пригожин од 28 мај и неговото претходно однесување може да укажуваат на тоа дека тој предвидувал проширување на Вагнер на сметка на руските конвенционални сили или замена на руските воени претставници со персонал поврзан со Вагнер. Институтот за изучување на војната (ISW), со седиште во Вашингтон претходно оцени дека Путин е ризичен актер кој е загрижен за здравјето на неговиот режим и затоа веројатно нема целосно да ги задоволи радикалните барања на Пригожин.

Нетрпеливоста на Пригожин кон руските власти уште еднаш се покажа кога озлогласената група Вагнер одржа нелегален митинг во Екатеринбург на 28 мај и покрај објавената забрана на митингот од властите во Екатеринбург. Приближно 100 до 150 автомобили од персоналот и поддржувачите на Вагнер одржаа поворка од Екатеринбург до гробиштата во Березовски, Свердловската област, каде што поддржувачите положија цвеќе на споменикот на Вагнер.

Некои руски опозициски извори тврдеа дека локалните власти експлицитно му забраниле на Вагнер да го одржи митингот и дека групата го одржала митингот директно спротивставувајќи се на забраната. Снимката покажува луксузни автомобили кои учествуваат во поворката, што сугерира дека некои локални елити можеби го поддржуваат Пригожин.

Пригожин, исто така, се расправаше со руските регионални функционери околу дозволувањето на загинатите припадници на Вагнер да добијат погреби еквивалентни на оние на редовниот руски воен персонал.

Денес, популарноста на Пригожин некои ја гледаат како закана за самиот Путин, а за тоа се чини дека станува свесен и самиот руски диктатор, поради што неодамна промовираше тројца ривали на Пригожин.
Дали тоа ќе му биде доволно за да ја попречи очигледната потрага на Евгениј Пригожин за поголема моќ, или, можеби веќе го гледаме неговиот подем како наследник на Путин?

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Вагнер груп“Владимир ПутинЕвгениј Пригожинруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

    ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ