• Latest
Професор Володимир Сергијчук, раководител на Катедрата за историја на Украинците во светот при Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Сергијчук: Украина не е мртва – таа се заштитува себеси и целиот цивилизиран свет од обидот да се врати текот на историјата назад

June 9, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сергијчук: Украина не е мртва – таа се заштитува себеси и целиот цивилизиран свет од обидот да се врати текот на историјата назад

June 9, 2023 15:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Професор Володимир Сергијчук, раководител на Катедрата за историја на Украинците во светот при Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Професор Володимир Сергијчук, раководител на Катедрата за историја на Украинците во светот при Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во Северна Македонија организираше настатан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност.

Во продолжение излагањето на раководителот на Катедрата за историја на Украинците во светот при Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки, професор Володимир Сергијчук:

„За тоа дека Гладоморот од 1932-1933 година е геноцид врз украинзмот, можете да видите самите и да им се покаже на другите само со утврдување на конкретни знаци на документирани намерни дејствија на болшевичките власти за намерно уништување на нашата етничка група, кога таа ги вклучувала сите казнени тела за оваа цел. Руските историчари велат: „Не е пронајден ниту еден документ кој го потврдува концептот дека „Гладоморот е геноцид“ во Украина или барем навестување во документите за етнички мотиви за она што се случило, вклучително и во Украина.“ Но, ако гледаме од гледна точка на правото и бараме знаци за токму такви намерни дејствија во постапките на раководството на Советскиот Сојуз, можеме да ги видиме во најмалку шест случаи.

  1. Одземање на прехранбени производи. Веќе на 21 јуни 1932 година, во Централниот комитет на Комунистичката партија на Украина и Советот на народните комесари на УССР пристигна телеграма потпишана од Сталин и Молотов, во која беше нагласено дека треба да се спроведе планот за производство на леб под какви било услови. И тие се појавија набргу: „оние кои не доставија леб и други државни обврски беа повикани во селскиот совет, жестоко тепани, соблечени до гола кожа, принудени да клечат, на градите им беа лепени плакати со различни натписи и ги носеа низ селото, жените беа соблекувани, соблечени ги изнесуваа на ладно и низ степи, по неколку дена биле чувани во ладни јами, не им давааа да јадат или спијат, ги тепаа со револвери, уништуваа згради, колиби, печки, им ги уништуваа покривите (на куќите) на оние кои не доставија храна, и слични нечовечки тортури…“.

Во исто време, судовите и обвинителството доследно ги следеа упатствата на Врховниот суд на СССР, обвинителот на Врховниот суд и Државната политичка управа, утврдени од Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР, во врска со спроведувањето на законот на Централниот извршен комитет и Советот на народни комесари на СССР од 7 август 1932 година за заштита на јавниот имот. Така, заклучно со 29 декември 1932 година, до регионалните судови беа испратени 552 копии од случаи на убиство со стрелање што се разгледуваа од 1 ноември до 28 декември: во Днипропетровската област – 150, во Кијивската област – 69, во Виницката област – 66, во Одеската област – 71, Молдавската автономна ССР – 19, во Харкивската област – 111, во Чернигивската област – 2, во Донецката област – 70.

За да се постигне реализација на нереални планови за прозводство на леб, руските болшевици, дополнително, ги воведоа таканаречените црни табли, кога вооружените сили ги опколија населените места и ги одземаа сите прехранбени производи од трговската мрежа, додека оние кои беа најнепокорни пред властите беа уапсени. Овие драконски мерки масовно се спроведуваа, пред се во Кубан, каде повеќето граѓани беа Украинци. Во самата Украина, системот на застрашувачки „црни табли“ го почувствуваа повеќе од десет милиони селани, почнувајќи од 6 декември 1932 година.

Три дена потоа, заменик народниот комесар за снабдување на СССР, Микола Берлин, испрати телеграма до регионалните трговски организации за итно прекинување на увозот на производи и извоз на постојните производи од наведените села. На 20 декември 1932 година, истиот Берлин итно им објаснуваше на своите подредени во регионите дека ова упатство важи за сите произвоси без исклучок, вклучувајќи кибрити, керозин и сол.

Советот на народните комесари на УССР отиде уште подалеку, донесувајќи на 1 декември 1932 година резолуција за одземање на компирите издадени на работни денови. А последниот удар по гладното село беше телеграмата на Сталин од 1 јануари 1933 година до Централниот комитет на Комунистичката партија на Украина во врска со доброволното предавање на наводно скриениот леб, по што на украинските селани ќе им биде одземено сè што може да се јаде и тие ќе бидат осудени на смрт со гладување.

  1. Забрана за заминување по леб. Откако земаа сè што можеше да се јаде од украинското население, властите не му дозволија да добие средства за егзистенција во другите региони на СССР. Резолуцијата на Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР и Советот на народни комесари на СССР, потпишана од Сталин и Молотов, од 22 јануари 1933 година, за забраната за патување се однесуваше на селаните од Украина и Кубан, каде според пописот од 1926 година имаше 915.450 Украинци, односно повеќе од две третини од целото население.

Со овој документ, инаку, на казнените власти им беше наложено да ги апсат оние „селани од Украина и од Северен Кавказ кои стигнале на север“, а откако ќе им бидат одземени „контрареволуционерните елементи, да ги вратат другите до нивните места на живеење“. Заклучно со 14 февруари 1933 година беa приведени 31.783 лица, од кои 28.351 беa вратени во местата на живеење, а 3.434 беa изведени пред лицето на правдата, 579 беa избрани за упатување до Казахстанската автономна СРР.

Навистина, на железничките станици во Русија, постојано се вршеа рации врз Украинците: „Сите што беа од Украина беа грабнати и ставани во товарни вагони“. Не само возрасните кои одеа по леб, туку и децата. Така, на 17 јули 1932 година, московската полиција испрати во Кијив 178 бездомни деца, кои беа фатени на железничките станици, а на 22 јули, 12 деца беа испратени во Конотоп од Калуга под изговор дека не зборуваат руски, иако ова не беше вистина.

Кога гладните Казахстанци прибегнаа кон таканаречениот егзодус, односно, се преселија за одреден период во регионите на Западен Сибир, регионот Волга, Узбекистан, Киргистан, дури и во Кина, во архивите не беа пронајдени резолуции за нивно принудно враќање. Односно, на Казахстанците не им беше забрането да бараат прехранбени производи надвор од нивната република. 

  1. Криење на вистината за Гладоморот. Третиот знак за геноцидот врз украинизмот од страна на болшевичките власти е намерното премолчување на вистината за Гладоморот пред светската јавност, која што би можела да обезбеди помош во храна за населението кое гладува. Познато е дека дел од гладните украински селани успеаја да ја поминат советската граница со Полска и Романија, каде што раскажаа за ужасите што се случувале во нивната татковина.

За да го негираат фактот на вештачки глад, болшевичките лидери прибегнаа кон систем на дезинформации од големи размери, во кој беа вклучени истакнати личности од светската култура, Ромен Ролан, Бернар Шо и премиерот на Франција Едуардо Хериот. Токму тие, откако се запознаа со специјално подготвените објекти, го убедуваа светот за отсуството на глад во Украина. Конкретно, во извештајот на советскиот дипломат Величко, кој го придружуваше Хериот на патување во Украина, беше забележано дека премиерот „се интересирал со тоа што му го покажувале и со тоа што гледал низ прозорецот на вагонот или од автомобилот .

  1. Откажување од помошта со храна од Западот. Четвртиот знак за геноцидот на болшевичката влада е намерното одбивање да се прифати материјална помош за гладните во Украина, што сепак беше организирана од нашата емиграција. Покрај тоа, дури и паричната помош што беше префрлена од Германија (самиот Хитлер донирал илјада марки во фондот за помош на гладните Германци во Украина), болшевичките власти насилно ја земале за себе, осудувајќи ги да умрат оние на кои им биле упатени средствата. Откако го доведоа украинското селанство до таква состојба, болшевичките власти во исто време ги грееја рацете со оваа трагедија, организирајќи систем на таканаречени „торгсини“, кои практично бесплатно откупуваа злато, сребро и друг накит од гладните луѓе. На тој начин од населението беа одземени 33 тони злато и 1.420 тони сребро.
  1. Доселување во изумрени украински села. Еден од ефективните инструменти на Москва за бришење на целата украинска етничка територија, особено во југоисточните региони на Украина, беше т.н. доселување. За прв пат беше спроведено во врска со кубанскиот град Полтавск, во кој, по иселувањето на неговите жители во Казахстан на почетокот на 1933 година, почнаа да пристигнуваат војници во резерва на Црвената армија и ветерани на Обединетата државна политичка управа.

Веќе од пролетта 1933 година, украинските села беа страшни пустелии. До есента оваа страшна глетка уште повеќе се засили – имаше цели села, особено во степскиот дел на Украина, каде практично не останаа жители. Се разбира, Москва ја загрижуваше ова прашање само во однос на недостатокот на работна сила за обработување на напуштената црница. Затоа беше потребно овде да се доселат оние кои ќе одгледуваат леб и ќе го обноват сточарството. И пред се, тука требаше да се населат доселеници од неукраинските региони.

Резолуцијата на Советот на народни комесари на СССР предвидуваше секакви придобивки за оваа категорија доселеници на местата на поаѓање, за време на патот и по пристигнувањето на местото на населување. Вклучително беа издвоени 250 теренски кујни со воени готвачи. Покрај тоа, по пат, како што беше нагласено во посебна телеграма, требаше да им се издаваат весници на руски јазик. Јасно е дека во местата на населување веднаш се организираа руски одделенија и училишта, што ќе ја зајакне асимилацијата на украинското селанство, пред се во југоисточните региони.

  1. Престанок на украинизацијата. На територијата на УССР. Гладоморот од 1932-1933 година предизвика не само физичко уништување на украинизмот. Нашата нација, исто така, претрпе значителни загуби и од откажувањата од украинско државјанство мотивирани од репресија, особено по резолуцијата на Комунистичката партија на СССР и Советот на народни комесари на СССР од 14 декември 1932 година „За производство на леб во Украина, Северен Кавказ и Западниот регион“.

Надвор од УССР. Веќе споменатата резолуција на Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР и Советот на народни комесари на СССР „За производство на леб во Украина, Северен Кавказ и Западниот регион“ од 14 декември 1932 година поставува задача со цел „да го порази противењето за производство на леб од „куркулски“ елементи и нивните партиски и непартиски послушници“ да прибегне кон голем број репресивни мерки:

„Веднаш да се преведе книговодството на советските и кооперативните тела на „украинските“ области во Северен Кавказ, како и сите весници и списанија од украински јазик на руски, како поразбирлив за Кубанците, а исто така да се направат подготовки до есен да се префрли наставата во училиштата на руски јазик. Цивилниот комплекс и Советот на народни комесари ги обврзуваат регионалните и регионалните извршни комитети итно да го проверат и подобрат персоналот на училиштата во „украинизираните области“.

Оваа намерна репресивна политика на болшевичките власти во однос на украинизмот во сите области на СССР беше потврдена на 15 декември 1932 година, кога Сталин и Молотов потпишаа нова резолуција на Кремљ за запирање на украинизацијата на Далечниот Исток, Казахстан, Сибир, регионот на Волга, Централно-Црноземниот регион…

За време на Гладоморот од 1932-1933 година, Москва врз ниту една друга нација не применила таков комплекс на репресивни мерки против Украинците.

Во врска со загубите за време на Гладоморот-геноцид од 1932-1933 година. Властите на УССР забележале 32.680.700 жители на 1 јануари 1932 година. Ако на веќе познатата бројка од 32.680.700 го додадеме минималниот број на луѓе родени во 1932-1933 година (1.252.700), ќе излезе дека за 2 години во УССР би требало да има 33.933.400. Но заклучно со 1 јануари 1934 година имало само 26.816.509 луѓе: разлика од 7.116.891!

Ова е минималниот број на загуби утврден благодарение на зачуваните статистички податоци. Во исто време, бројот на жртви од Гладоморот-геноцид е многу повисок, особено ако се земе предвид дека при следните пописи на населението, како жители на Украина се сметаа жителите увезени од Русија и другите сојузни републики. Според пресметките, вкупниот број на жртви во УССР изнесуваше повеќе од 9 милиони, а вклучувајќи ги и Украинците надвор од нејзините граници – 10,5 милиони луѓе.

На пример, компаративната анализа овозможува да се утврдат загубите на детските возрасни групи во 1932-1933 година на следниов начин:

Ред.

бр.

Година на раѓање Возрасна група во 1933 год. Според податоците на Државниот план на СССР (1931) Требаше да биде во 1939 год. Беше во

во 1939 год.

Разлика Разлика меѓу 1932 – 1934 години
1 1933 0 470.700

(се родиле)

406.685 305.620 – 101.065 8217
2 1932 1 782.000

(се родиле)

675.648 396.162 – 279.486 19581
3 1931 2 959.870

(се родиле)

772.111 509.456 – 262.655 25704
4 1930 3 882.869 814.668 509.378 – 305.290 9899
5. 1929 4 909.181 838.948 524.558 – 314.390 6845
6 1928 5 909.111 842.498 524.980 – 317.518 6340
7 1927 6 909.381 855.464 524.673 – 330.791 14080
8 1926 7 891.315 848.033 514.250 – 333.783  
9 1925 8 844.371 809.536 487.246 – 322.290 635,5

 

10 1924 9 746.525 719.425 430.713 – 288.712  
11 1923 10 683.758 661.211 394.499 – 266.712  
12 1922 11 723.217 700.673 417.265 – 283.408  
13 1921 12 613.277 594.479 353.834 – 240.645  
14 1920 13 540.116 498.392 311.624 – 259.811  
15 1919 14 678.161 652.937 391.269 – 261.668  
  Вкупно 0 – 14 11.613.852 10.763.751 6.595.527 – 4.168.224  

Значи, според пресметките на Државниот план на СССР во 1931 година (овој метод се користел и за оние родени од 1931-1933 година), детските возрасни групи од 1932-1933 година (0-14) во 1939 година требало да изнесува 10.763.751 лица, а биле 6.595.527. Така, загубите изнесуваат најмалку 4.168.224 деца.

На пример, за загубата на ученици во Петрикивскиот реон во Днипропетровската област можеме да дознаеме само од споредбената табела на ученици од основните одделенија:

Години 1 одд. 2 одд. 3 одд. 4 одд. Вкупно
1932 1737 1275 1126 1121 5259
1933 1254 867 695 693 3509

Во овој реон, на 1 септември 1933 година, во основните паралелки влегоа 1.750 ученици помалку отколку една година пред тоа. А од 1 до 2 одделение, од 2 до 3 и од 3 до 4 – само од овие 3 одделенија недостасуваат веќе 1.883 деца.

Поради наглото намалување на бројот на првачиња во училиштата во Полтавската област, особено на оние родени во 1933 година, кои требаше да седнат на клупи есента 1941 година, во споредба со оние родени порано во областа ги имаше речиси три пати помалку:

Години Град Село Заедно
1938 – 1939 6.145 39.860 46.005
1939 – 1940 4.705 29.519 34.224
1940 – 1941 3.736 17.715 21.451
1941 – 1942 2.862 14.141 17.003

Но, украинската нација се покажа како неуништлива.

И денес Украина не е мртва – таа се заштитува себеси и целиот цивилизиран свет од обидот да се врати текот на историјата назад.“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Володимир СергијчукГладоморУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ