На конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“, во четвртата сесија говореа Габриела Кулeбанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на тема „Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“ и главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“.
И покрај разноликоста на темите, всушност соговорниците заклучија дека иднината на Северна Македонија лежи во преминување од линеарна во цирклуарна економија. Бизнисот и профитот треба да се калкулираат во насока на заеднички бенефит. Бизнис заедницата, државата, но најмногу животната средина и тежнеењето кон одржлив развој можат да придонесат нашата држава да има зелена иднина. Медимите, како информативен сервис наа граѓаните, чија задача ги надминува само голото пренесување на информации сами по себе, треба да ја има клучната улога во креирање на јавното мислење.
Овој настан беше дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети