• Latest

Лустрацијата и по неа: Зошто Славко Јаневски нема улица?

July 20, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Лустрацијата и по неа: Зошто Славко Јаневски нема улица?

Додека навидум сменетата власт сѐ уште си ги чува своите „придобивки“ по широк опус на оценки од минатото, новата очевидно е збунета од потребата да биде поинаква во тие вреднувања. Впрочем, затоа и се соочуваме со фактот: постои иницијатива, а дури и одлука статуата на Ќосето да се врати пред зградите на судските институции, додека секое споменување на името на книжевниот бард Јаневски предизвикува некој вид на бојкот, по било кој повод

July 20, 2023 09:21
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

И 23 години после смртта на големиот македонски литерат Славко Јаневски дилемата дали како земја сме се оддолжиле нему и на неговото дело останува актуелна. Дури, се чини, со годините што следеа после неговото лустрирање според тефтерот на фамозниот архивар Зоран Тодорвски, попознат по својот прекар Кундак, тоа понижување, негово, но и на неговото семејство, опстојува. Просто секогаш има потврда дека нешто се случува за да ја потврди намерата на онаа група која слепо (со два индивидуални исклучоци) ги следеше наредбите дадени од зад кулисите на архивот, со идеолошки а најверојатно и привaтни зли намери.

„Страшниот суд“ на Ќосето

Некаква невидлива сила, како во филмот на Карпентер „Магла“, се влечеше ноќе по скопските улици и наутро ќе се појавеше пред очите на граѓаните во разни форми, на крајот отелотворени во еден споменик, кој како утрински шок стоеше како клучна илустрација на зафатот на новата, всушност, стара меморија за злото.

Застанат до зградата на Врховниот суд (!) споменикот на човекот со кама во раката и со пиштол на појасот, беше асоцијација која требаше подеднакво да предизвикува трнки и на судиите („правилно да судат“), потоа и до сите странки кои влегуваат во судовите распослани наоколу за да знаат „што ги чека“, а беше секако и некаков „светилник“, изникнат во едно мрачно време, за секојдневното однесување и размислување на членовите на Комисијата за лустрација, кога тие  одат кон своите простории за егзекуција во зградата на МРТВ.

Со подигнатиот споменик на Андон Јанев Лазов Ќосето, од 7 септември 2014 година, пирамидата на вредностите во системот стана дефинитивно превртена. Таа стои онака, со наметливо наопачна визура, ги боде нашите очи, а ние ќе треба да ги архивираме во главата упатствата што ги носи таа фигура со својата изопаченост. Секако дека таа позиција, штом е само израз на вистинските вредности на Организацијата, јасно може да се оцени и со вкупниот третман, како опозит на таа ситуација, која ја има споменот на Славко Јанрвски, да речеме, кој секако е поттикнуван со нешто непријатно како настан или помен.

Јасно е дека и некоја, во основа дребна и минимална дотација, ставена на тасот на можноста на вреднување на едногодишниот опус на македонската литература (отсек романи), неминовно асоцира и на односот на истата таа држава кон славниот писател и основач на новото време кај нас. Дали е совпаѓање тоа што, од друга страна, сме соочени со јасната одлука на новата градоначалничка на градот дадена на 1 април годинава (не, не е шега) да го врати споменикот на Ќосето на старото место или да ја отпочне реституцијата на вредностите во земјава, несомнено по инструкции од место со кое и самата е врзана и донесена на местото кое го држи. А кои пристигнуваат по брза пошта од самата Будимпешта.

НОЌЕ ДОНЕСЕН, НОЌЕ ПОСТАВЕН Шилегов го отстрани како дивоградба

МАНУ против својот основач

Впрочем, Фондацијата има поширок дијапозон на активности, да речеме, да ја потсетува МАНУ дека не ја извршила својата обврска кон еден од седумте основачи на оваа институција. Основачите на Академијата и по својата смрт барем ѝ даваат можност, со соодветна седница, да одбележи некој значаен датум, како што е најчесто стогодишнината од раѓањето на веќе вреднуваниот значаен член на ова општество. МАНУ ја одбегна таа можност да ја искористи во 2020 година кон Јаневски и тоа – впечатливо – во однос на основачите само кон Јаневски, што само по себе е јасен знак дека некои сили во неа, како што се покажа многупати до сега, умеат лесно да се придружат на било која историска реституција на вредностите, само не на оние што за овој народ се основни!

Оттаму, ова со Министерството за култура дава за право да се замислиме генерално за оценката на мигов – Јаневски или Ќосето? Која сила во оваа земја е помоќна? Има ли тоа врска што непотребно сме навлечени на една собраниска драма која од банална стана закана за вистинска катастрофа за земјава и поколенијата?

СПОМЕНИК ИЛИ НЕЧИЈ СВЕТИЛНИК Поставен пред судот, Ќосето се заканува на сите кои се во непосредната околина

Дајте некој иновативен предлог, па да си заминеме до Буњаковец

Колку и да се чини бенигна одлуката на некоја комисија или тело за распределба на буџетските средства, на културната бирократија која, како бесконечно да го користи своето право на пауза за претпладневен топол оброк, на своите задачи гледа како на некаков рефлексивен, но континуиран протест („сѐ ќе мериме низ нашите депресивни плати“). Тоа тело ќе оцени дека на Фондацијата „Славко Јаневски“ ѝ е потребен некаков „иновативен предлог“ за понатаму што, сепак, не е дека баш и нема никаков допирен однос со понатамошното валкање на името на Јаневски и докажаните вредности и модели за стимулација на творештвото кај нас, да речеме.

Своевремено, стариот добар Остен имаше идеја за зголемување на публиката во Операта со носење на некој Индиец, кој со својата традиционална флејта и две кобри што излегуваат од кошницата на паузата меѓу чиновите би ја забавувал публиката во националната установа. Шега нели, ама кој знае, можеби истата би делувала стимулативно за Операта и нејзината гледаност ама и би соодветствувала на тоа како некои административци се однесуваат кон суштинските ориентири во културнииот простор. Нив очевидно експериментот би ги мотивирал! Впрочем, обидите за реставрација на вредностите што ги споменавме, сепак, си имаат и мали и големи белези, па и свои извршители. Секој вложува во таа реставрација колку може, а добива според потребите, што е последна (иако во основа стара комунистичка мантра) идеја на Синдикатот за рушење на финансиската стабилност на земјата.

ЗАПУШТЕН И НЕВИДЛИВ Споменикот на Славко Јаневски во паркот „Жена борец“

Финансиската орнаментика на Здружението од Сетинци, Попадинци и Крушоради

Веќе споменавме дека и оние кои доаѓаат после Кундакот на платформата на ступидното трошење на народните пари, во формат на она фамозно Здружение од Сетинци, Попадинци и Крушоради, го држат орозот на оружјето на специјалниот суд (случај Ќосето) и можат слободно да ни ја сотрат меморијата со која се обидуваме да се одржиме. (Фондацијата имено тоа и го спасува). Во овој момент не би ме чудело ако членовите на ова Здружение одново ја меркаат старата канцеларија кај Рекорд за да ѝ се вратат или ги вршат последните мерења на димензиите на однесениот споменик на својот идол во некоја од напуштените хали на МЗТ, што со акцијата на претходниот градоначалник е ставена некаде надвор од очите. Но само тоа; истата е сепак доволно близу за да биде дел од процесот на споменатото „освежување“ на стариот груевистички режим. Градоначалничкото место за старата гарнитура во градот е повратено, а тоа значи дека не смеете да го споменувате ниту Славко Јаневски во било каков контекст! А како луѓето како Јаневски стануваа највпечатливи жртви на лустрацијата?

„Се менуваше текстот на Законот за лустрација, и како тој се спроведуваше стана јасно дека тој не се користи за спречување на можноста соработници на тајните служби да не можат да вршат јавни функции. Стана јасно дека сосема други приоритети форсира комисијата и дека таа веќе прераснала во инструмент на политичка пресметка на власта со своите опоненти и дека на секоја одредба, дури и од темелно променетиот Закон, Комисијата ѝ приоѓа ‘флексибилно’ дотаму што донесува одлуки што ѝ противречат на законската цел“. Ова во „Фокус“ го напиша поранешниот висок функционер Стојан Андов, целосно инволвиран во стартот на овој процес.

Само како потсетување – Јаневски почина во 2000 година, а во 2010 година (дури) му е изработен еден мал споменик во Паркот Жена борец. Лустриран е 13 години по смртта, што е елементарно кршење на смисолот на тој процес – лустрацијата треба да оневозможи вршење на јавни фунции на лица кои биле тајни соработници на политичката полиција! Од овој факт – лустрацијата на Јаневски – посебно беа израдувани во круговите на  бугарската политичка елита (види бугарска Википедија).

Не, не успеавме таквите најгруби сквернавења со промената на власта во 2017 година да ги исправиме. Впрочем, неправдите на режимот главно се покажаа жилави и покрај раскрвавените глави на политичарите или киднапираните колешки кои на оној 27 април си ја вршеа само својата нормална новинарска задача. Мислевме дека правењето на држава треба да се темели на некои сосема нови и цврсти вредности, а не само на некакво си проштевање кое режимот што тој не го заслужи со ниту еден резон, а сега го враќа своето присуство со големо засилување, заканувајќи се на иднината на земјата, на нормалноста на идните поколенија, дури и на неродените деца. Поточно, не можеме секогаш да реагираме во стилот – ме удривте по образот, еве ви го и другиот. Тоа е само интимно решение на поединец без власт и моќ, но не и чекор на некој кој мора да ја брани државата и нејзините клучни вредности. Тоа нам сега се појасно ни се појавува како сто пати потврдена вистина!

Велат дека, сепак, имало улица со негово име, само не се знае каде точно се наоѓа

Впрочем, Фондацијата е само дел од мозаикот каде централно прашање е зошто во овој град не постои ниту една улица со негово име? Режисерот Наум Пановски успеа да ја најде улицата и зградата каде писателот долго живеел, па некој ќе рече и тоа е нешто. Наводно, еднаш надлежните ја донеле одлуката за именувањето на улица со писателовото име, па таа не смеела да се реализира, бидејќи, се ближеле избори (а баш и не морале толку да чекаат), па потоа требало новата градоначалничка да донесе нова одлука, ама ете, лепливиот мед на нивната политика не го дозволува тоа,

Имало дури и некои тврдења дека таа улица некаде постои, но нема ниту еден скопјанец кој носи лична карта со име на писателот! Таа улица е веројатно подвижна и се крие! Каков филм, каква загатка која просто ја отсликува позицијата која на крајот се одразува врз фактот дека и онака малата скулптура на Јаневски во паркот, со години стои запуштена и невидлива, со оштетен постамент. Можеби реставрацијата кон која се лизгаме само ќе го доруши?


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Данела АрсовскаМАНУМинистерство за култураСКОПЈЕСлавко Јаневски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ