• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Фудбалската федерација на Косово со реакција за кореографијата на „Делије“; градоначалникот на Зубин Поток ќе поднесе оставка само доколку се сложат сите страни; злоупотреба на ИПАРД фондови и во Албанија

July 28, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Фудбалската федерација на Косово со реакција за кореографијата на „Делије“; градоначалникот на Зубин Поток ќе поднесе оставка само доколку се сложат сите страни; злоупотреба на ИПАРД фондови и во Албанија

July 28, 2023 11:07
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Фудбалската федерација на Косово реагираше по транспарентот на српскиот клуб Црвена Ѕвезда за скандалозната кореографија на натпреварот против Фиорентина во Белград, каде беше истакнат тенк со натпис „кога војската ќе се врати на Косово“, во Албанија се очекува да дојдат околу 40 експерти за да ја потврдат дестинацијата на средствата од ИПАРД програмата…

Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Спортманиа: Навивачите на „Ѕвезда“ со кореографија тенк со натпис „Кога војската ќе се врати на Косово“

Навивачите на српскиот фудбалски тим „Црвена Ѕвезда“  прикажаа скандалозна кореографија.

На пријателскиот натпревар против италијанската екипа Фиорентина, навивачите на српскиот фудбалски тим „Црвена Ѕвезда“ –  „Делије“ претставија тенк како кореографија, придружувајќи го со текст во кој се вели: „Кога војската ќе се врати во Косово“, пренесува Спортманиа.

Фудбалската федерација на Косово реагираше по транспарентот на српскиот клуб Црвена Ѕвезда за скандалозната кореографија на натпреварот против Фиорентина во Белград, каде беше истакнат тенк со натпис „кога војската ќе се врати на Косово“.

Според ФФК, тенкот во кореографија  на трибините со симболиката против Косово е неприфатлив и неспоредлив чин за спортот, но и за хармонијата и мирот меѓу земјите во регионот, особено во периодот на тензии меѓу Косово и Србија.

Бајден и Мелони со заедничка изјава за Косово и Западен Балкан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, вчера во Белата куќа се сретна со премиерката на Италија Џорџа Мелони.

Двајцата функционери дадоа заедничка изјава каде се одвиваа и западниот Балкан и ситуацијата во Косово.

„САД и Италија ја потврдуваат заедничката посветеност на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и нивната долгорочна поддршка за евроатлантската интеграција на регионот. Тие се решени да ја зајакнат координацијата за да ја фаворизираат деескалацијата и помирувањето врз основа на клучната улога на Квинт. Соединетите Држави ја поздравуваат посветеноста на италијанската влада за Западен Балкан, вклучително и придонесот на италијанските вооружени сили во мисиите КФОР, ЕУЛЕКС и ЕУФОР Алтеа“, се вели во соопштението, пренесува РТВ 21.

Газета Експрес- Градоначалникот на Зубин Поток: Ќе поднесам оставка доколку има договор од сите страни

Градоначалникот на Зубин Поток, Измир Зеќири изјави дека би поднел оставка од функцијата градоначалник на општината доколку има договор од Владата на Косово со неговата партија ПДК и со меѓународните.

Мора да има силна причина зошто да поднесам оставка. Ако имаме усогласен договор зошто да не. Без договор со Мемли Красниќи, со партијата, со Владата и со меѓународните, нема да поднесам оставка само затоа што така сакам јас“, изјави тој, пренесе Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Досја. ал.- ИПАРД ФОНДОВИ / Ги земале за земјоделство, но ги инвестирале во приватни вили во Дерми, двајца познати албански бизнисмени на списокот на истраги на ОЛАФ

Во Албанија се очекува да дојдат околу 40 експерти за да ја потврдат дестинацијата на средствата од ИПАРД програмата. Брисел ја извести Албанија пред неколку дена за прекинот на овие средства, по извештајот на Европската канцеларија за борба против измами, ОЛАФ, институција која истражува сомнителни злоупотреби на фондовите на Европската унија.

„Во неколку проекти финансирани како дел од ИПАРД II програмата се констатирани неправилности, како што се вештачко создавање услови за корист од повисоки грантови, незаконски врски меѓу понудувачите, надуени цени, неодржување оригинална документација, инвестиции изградени во друга земја од договорот за грант, лажна понуда и слично“, се вели во писмото на Европската комисија до албанската влада, пренесе Досја. ал.

КОЛУМНА

Панорама: Бегај vs Бегај

„Доколку претседателот Бегај сакаше да биде протагонист, ќе мораше повеќе да биде на ТВ и во своите изјави да ги избира шегите што медиумите внимателно ги пренесуваат. Илир Мета, неговиот претходник за малку ќе го претвори мандатот во фолклорен, па дури и во моментот кога со право врати многу уредби, со популизам и комуникација покажа дека институцијата трпи голема криза на намалени атрибути, но и сенката на Извршниот.“, пишува авторот Бен Андони во колумната Бегај vs Бегај, објавена во Панорама.

Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ