• Latest
По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок  синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.

Битиќи: Од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра

August 9, 2023
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра

August 9, 2023 14:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок  синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.

По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.

Share on FacebookShare on Twitter
Партнерскиот и инклузивниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати. Преку Законост за финансиска поддршка на инвестиции, Владата, од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околу 57 милиони евра поддржа 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра. Довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики од година во година се зголемува, бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите континуирано расте, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, од стапувањето во сила на Законот во 2018 година, заклучно со минатата година се потпишани вкупно 630 договори за финансиска поддршка, а годинава се пристигнати рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, од кои одобрени или новопотпишани договори се 289 договори за финансиска поддршка на планирани инвестициски циклуси на компаните од 366 милиони евра, кои ќе креираат нови конкурентни работни места.

Со ова, портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестиците се зголемува на 919 договори. Ова зборува дека Владата преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите. Ако во 2018 година, имавме 73 компании кои реализираа инвестиции во вредност од околу 29 милиони евра, во 2022 година, по основ на овој закон, имаме инвестиции на 410 компании во вредност од околу 101 милиони евра. Освен што не прави разлика помеѓу странски и домашни компании, Владата партнерски и постојано ги поддржува компаниите во нивните инвестициските циклуси. Во 2018 година, исплатената поддршка изнесуваше 3 милиони и 120 илјади евра во 2022 година таа се зголеми на рекордни 23 милиони евра, наведува Битиќи.

Тој оценува и дека само како резултат на довербата на бизнис заедницата кон мерките содржани во Законот и објективниот, транспарентен начин на нивно спроведување, во изминатите пет години во нашата економија е реализиран вкупен инвестициски циклус од 340 милиони евра за кој е исплатена вкупна финансиска поддршка од 57 милиони евра.

Имаме инвестициски бран во реалниот сектор на нашата економија кој расте, се зголемува, кој ја развива конкурентноста преку воведување на нови производствени процеси, усвојување на нови технологии и освојување на нови пазари, создавајќи нови и добро платени работни места за нашите граѓани. Само во ново одобрените 294 договори за финансиска поддршка на компаниите кои годинава аплицираа содржани се проекции за отворање на нови 4.439 работни места и реализација на дополнителни 366 милиони евра инвестиции до крајот на планираните инвестициски циклуси. Рекордниот број апликации се резултат на нашите политики и на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата, подвлекува вицепремиерот.

Извор: МИА

 

Tags: владаекономски политикиинвестирањеФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ