• Latest
Фото: Влада

Средба Османи- Сулеименова: Меѓурегионална соработка ќе придонесе кон намалување на последиците од климатските промени во Европа и Централна Азија

August 11, 2023

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Османи- Сулеименова: Меѓурегионална соработка ќе придонесе кон намалување на последиците од климатските промени во Европа и Централна Азија

August 11, 2023 17:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, денес, во Астана, во рамки на посетата на Централна Азија, заедно со специјалниот претставник за животна средина на ОБСЕ Претседавањето, Насер Нуредини, остварија средба со министерката за екологија и природни ресурси на Казахстан, Зулфија Сулеименова.

Османи на средбата истакна дека заложбите на Казахстан во заштитата на животната средина позитивно влијаат во поширокиот регион на Централна Азија, воедно потенцира дека еден од приоритетите на претседавањето на Северна Македонија е справувањето со климатските промени, при што ќе продолжиме да поттикнуваме иницијативи и проекти кои ќе значат заеднички пристап во регионот на ОБСЕ за справување со последиците од климатската криза.

„Проектите што Казахстан ги спроведува, со поддршка на ОБСЕ, особено за еко-пристаништата Курик и Атаку, се од огромно значење за поширокиот регион на ОБСЕ. Тие, не само што придонесуваат за ублажување на ефектите од климатските промени, туку ја подобруваат и позиционираноста на Казахстан во Средниот коридор и глобалната логистичка индустрија, истакна Османи.

Специјалниот претставник Нуредини упати на важноста на политиките на економската и еколошката димензија за регионот на ОБСЕ, особено за регионот на Централна Азија. Ја подвлече важната улога на Казахстан, во доменот на трансформацијата на еколошките политики и менаџирање со природните ресурси,  како лидер во овој регион. Воедно, Нуредини разговараше за проектни активности кои може да се реализираат во соработката меѓу ОБСЕ и Казахстан, и ги пренесе позитивните искуства од прекуграничната соработка на ова поле во нашиот регион, разменувајќи идеи за меѓудржавна и меѓурегионална соработка во иднина.

Покрај тоа, ОБСЕ и Казахстан ќе соработуваат и на проектот „Промовирање на зелени пристаништа и поврзување“, чија крајна цел е за подобрување на трговската и транспортната поврзаност од Централна Азија до Европа. Во тој контекст, иницира за време на Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ да се одржи министерски состанок во Казакстан за да се забрза целиот процес.

Tags: Казахстанклиматски промениМНРОБСЕОсмани- Сулеименова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ