• Latest

По пет години се реактивира дезинформација за наводен осиромашен ураниум во „Криволак“

August 23, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

По пет години се реактивира дезинформација за наводен осиромашен ураниум во „Криволак“

Оваа дезинформација беше активирана за време на кампањата за референдум за Договорот меѓу Македонија и Грција (Фејсбук страната „Македонија“ на 19 август 2018 година, сподели дезинформација од прорускиот портал Слободенпростор), а истите партиски кујни ја реактивираат и во овој период кога започна процесот за уставните измени.

August 23, 2023 16:49
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи се споделува дезинформација која, всушност, првпат е лансирана пред 5 години, според која, наводно, на обуката на копнените сили на САД на армискиот полигон „Криволак“ ќе се користела муниција со осиромашен ураниум, која е опасна по здравјето на луѓето. Тоа не е точно. Се работи за дезинформација. 

Дезинформација објавена на 21 август 2023

Оваа дезинформација носи наслов „БОМБА! Споделете! Американците на вежба во Криволак ќе гаѓаат со осиромашен ураниум кој е канцероген?“ објавена на интернет блогот Слободенпростор кој во тоа време има изразено проруска ориентација. Потоа, текстот е споделен на Фејсбук страната „Македонија“ со иста ориентација, на 19 август 2018 година.

Кампањата во 2018 година беше активирана во пресрет на референдумот за поддршка на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Се чини дека истите пропагандни кујни ги реактивираат истите дезинформации и во овој период, кога започна процесот за уставните измени, а и во пресрет на посетата од високиот американски функционер, Габриел Ескобар.

Дезинформација објавена во 2018 година.

Во 2018 година, тогашната министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, излезе со најостар демант за овие информации, нарекувајќи ги ноторни лаги, за кои рече дека никому не му носат корист. Таа тогаш изјави и дека ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за референдумот.

Пред пет години, Александар Пандов, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега шеф на т.н. Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, ширеше хистерија дека Македонија ќе стана главен НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад. Три дена подоцна, се појави и дезинформацијата на т.н. Слободенпростор, што упатува на тоа дека креирањето и дистрибуцијата на овие дезинформации се оркестрирани.

И пред пет години, за време на анти-НАТО кампањата, односно против референдумот за промена на името како услов за членството во НАТО, се повикуваше на бојкот на референдумот за, наводно, да се „зачува идентитетот, името, историјата“. На референдумот излезе рекорден број луѓе со право на глас (610 илјади).

Дезинформации пласирани од Александар Пандов, 2018 година

Пет години по референдумот за промена на името со кој се реши деценискиот спор со Грција, нашата држава не стана НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад, сочуван и потврден е македонскиот идентитет и јазик.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

Tags: дезинформацииНАТОПандов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ