Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија, изјави премиерката на Естонија, Каја Калас при средбата со македонскиот колега Димитар Ковачевски во Талин.
Таа додаде дека Северна Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици во НАТО и би сакале да ѝ посакаат добредојде на Северна Македонија и во ЕУ.
Исто би сакале да се заблагодариме за големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна, нагласи Калас.
Македонскиот премиер рече дека Естонија е една од нашите најпријателски држави особено на европскиот пат.