• Latest

Албански медиуми: Бегај се сретна со претставници на албанските партии во Северна Македонија; потрошени над пет милиони евра за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово; Вучиќ апси непослушни косовски Срби

September 12, 2023
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Бегај се сретна со претставници на албанските партии во Северна Македонија; потрошени над пет милиони евра за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово; Вучиќ апси непослушни косовски Срби

September 12, 2023 11:00
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој вчера престојуваше во Скопје во рамки на состанокот на Процесот „Брдо- Бриони“, се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија, пренесуваат албанските медиуми. Пет милиони и 5 милиони 485 илјади 800 евра изнесува сумата потрошена за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово, пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- ПРЕС.

АЛБАНИЈА 

Топ Чанел: Бегај на средби со претставници на албанските политички партии во Северна Македонија

За време на престојот во Скопје, претседателот Бегај се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија.

Остварени се средби со претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи, со претседателот на Демократското движење, г. Изет Меџити, со претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, со претседателот на Европската демократска партија, г. Аријанит Хоџа, како и други значајни политички фигури во Северна Македонија.

Претседателот Бегај за време на разговорите се фокусираше на потребата од поблиска координација и соработка меѓу албанскиот фактор во регионот, пренесе Топ Чанел.

Балкан Веб: „Шансите се дека воопшто нема да има казна“, како обвинителството ги спасува членовите на племето Раја по варварскиот напад

Обвинителството на Тирана го смени обвинението против членовите на племето Раја, дел од нив уапсени, а дел барани за варварскиот напад врз двајца членови на племето Маја во Боризана на почетокот на јули.

Новинарката Клодијана Лала за „Балканвеб“ извести дека повикувајќи се на ова вештачење, најверојатно оваа кривична постапка наскоро ќе биде разрешена и членовите на племето Раја ќе се вратат во нормален живот, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Зери: За осум месеци се потрошени над пет милиони евра за заштита на обвинетите од Специјалниот суд

„Од 1 јануари до 31 август 2023 година, сумата што Република Косово ја потроши за одбрана на обвинетите, кои се соочуваат со правдата во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг, изнесува 5 милиони 485 илјади 800 евра.“, пренесе Зери.

Коха: Двајца американски сенатори бараат од Блинкен да им обрне внимание на Албанците од прешевската Долина

Двајцата американски сенатори Џони Ернст и Гери Питерс со писмо се обратија до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат внимание на дискриминацијата и угнетувањето што им се прави на Албанците во Прешевската долина.

Во писмото тие ја изразуваат својата загриженост за третманот на оваа заедница, пренесе Коха.

Газета Експрес: Како се апсат косовските Срби кои не го почитуваат Вучиќ

Откако Српската листа и членовите на оваа партија поднесоа оставки од своите позиции во институциите на Косово, зголемен е притисокот и линчот врз српските граѓани кои работат во институциите на Косово.

Апсењето на Никола Радомировиќ, директор на Управата за администрација во општина Лепосавиќ, ги истакна проблемите со интеграцијата на српските граѓани кои сакаат да работат во косовските институции, а Белград не им дозволува, пренесе Газета Експрес.

АНАЛИЗА

Панорама: Дали може и треба  Албанија треба еднострано да го усвои еврото?

„Трилемата на монетарната политика, изборот на две цели на кои треба да се даде приоритет, ќе зависи од специфичните околности на земјата и од преференциите на нејзините креатори на политики. Ова е една од главните причини зошто албанските извозници имаат право да бараат од креаторите на политиката флексибилност во користењето на флуктуирачкиот девизен курс. Неодамна, забележано е зголемување на јавниот ангажман и меѓусебниот ангажман околу монетарните, фискалните политики и структурните реформи за ублажување на шоковите од превреднувањето на националната валута.“, се наведува меѓу другото во анализата „Дали може и треба  Албанија треба еднострано да го усвои еврото?“, од авторите проф. Еварист Стоја и проф. Арбен Малај, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ