• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Колку вреди зборот на Меџити: До кога ќе се играат игри со здравјето и животот на дијабетичарите

September 20, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Колку вреди зборот на Меџити: До кога ќе се играат игри со здравјето и животот на дијабетичарите

September 20, 2023 15:58
in ЗДРАВСТВО, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Иако министерот за здравство Фатмир Меџити минатиот месец вети дека во најскоро време ќе бидат исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта.

Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решаваме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките, напиша министерот за здравство, Меџити на Фејсбук на 20 август.

Лицата со дијабетес, чиј вкупен број на евидентирани случаи, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје  во државата е 135. 690, а само минатата година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460 пациенти, сé уште не ја добија ветената антидијабетска терапија, игли, ленти, глукомери,

Минатиот месец, преку нивниот Сојуз испратија протесно писмо до Министерството за здравство и рекоа дека нема повеќе да протестираат, туку борбата ќе ја водата правно, по што конечно, во понеделникот поднесоа претставка за работа на Министерството за здравство, откако во законскиот рок не добиле одговор зошто девет месеци немаат глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта. Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗД) претставката ја доставил до Народниот правобранител Насер Зибери.

Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација.

Дијабетичарите се гневни, бидејќи наместо државата да им помогне во битката со оваа подмолна болест и да им ги олесни здравствените предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното живеење, тие се соочени со тоа да не знаат како и дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудат следното утро и ќе ги видат своите деца.

Покрај недостатокот на овие средства неопходни за квалитетен живот на лицата со дијабет, проблем претставува и чудните критериуми за распределување на месечните следувања со инсулинска и антидијабетната терапија.

За новововедената терапија со лекот Рибелсус, кој во пакување од 30 таблети, треба да е доволен за еден месец, но само доколку месецот има 30 дена, системско решение за подигање на месечната доза дозволува лекот да се подигне најрано 1 ден пред датумот од подигање за минатиот месец, што доведува до тоа лицето корисник на оваа терапија, следната да ја земе во 5 до 12. Дополнителен стрес претсавува доколку лицето во тие денови треба да отпатува, како што во случајов е и мојата ситуација. Поради системското решение, лекот не можев да го подигнам ниту барем два дена предходно, така што сум принуден да заминам на пат без потребниот лек, и за сите денови на мојот престој надвор од државата, да бидам без терапија.

Дополнително, еден период во земјава имаше и дисконтинуирано снабдување со одреден тип на инсулин, додека  дефицитарни се и иглите за една употреба за таканаречените „инсулински пенкала“, од кои месечно до корисниците се дистрибуираат по 20 игли. Корисниците на инсулин, истиот го вбризгуват најмалку 2 / 3 пати на ден, со што оваа количина на игли им е доволна само за 7 до 10 дена, при што се принудени една иста игла за еднократнаупотреба да ја употребат повеќе пати.

Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација, а и тие веќе не се во оптек.

Дијабетесот е една од состојбите во кои стресот игра важна улога. Според едно истражување на Универзитетот во Гетеборг, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е 45% поголем доколку стресот опстојува подолго време. Исто така, вклучувањето на стресот во еволуцијата на дијабетес не треба да се занемари, бидејќи е исто така одговорно за појава на компликации.

Луѓето со дијабетес се поранливи на стрес. Во оваа категорија, контролата на шеќерот во крвта е веќе проблематична, а зголеменото ниво на кортизол како резултат на стресот доведува до Кушингов синдром. Тоа е предизвикано од продолжено изложување на кортизол и се манифестира со специфично зголемување на телесната тежина (масни наслаги на лицето, вратот, околу половината), проблеми со кожата (стануваат потенки, малку се појавуваат модринки, стрии, рани се потешко се лекува), ментални нарушувања, хормонални нарушувања, остеопороза и мускулни проблеми.

Во случај на дијабетичари, стресот исто така може да го забрза појавувањето на кардиоваскуларни компликации како резултат на висок крвен притисок, но исто така и на системски компликации како резултат на висок шеќер во крвта.

Се чини дека за Минестерството за здравство, и за министерот кој се расфрла со ветувања, а потоа истите не ги исполнува, здравјето и животот на лицата со дијабетес се само игра (на тендери).

Драган Мишев 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антидијабетска терапијаглукомерииглиинсулинлентилица со дијабетминистер за здравствоМинистерство за здравствоФатмир Меџити
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ