• Latest
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

September 21, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

September 21, 2023 09:22
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Тешки зборови паднаа во Фејсбук комуникацијата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот во сенка на истата партија и бегалец од правдата Никола Груевски со привремен престој во Будимпешта.

Периодот на тензичен молк после измените на Кривичниот законик прв го прекрши, односно не го издржа притисокот Мицкоски која за Франфуртер Алгемајне Цајтунг изјави дека неговиот претходник Никола Груевски е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.

„За да издејствува уставни измени,  владата подготвува валкани дилови“,  излезе со тврдење за германскиот весник Мицкоски и дополни дека „таа (Владата) планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот“.

Груевски експресно брзо реагираше на Фејсбук и го повика Мицкоски јавно да одговори на следните две прашања:

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,

2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Груевски уште побара „одговорот да биде јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“.

Вториот дел од барањето на Груевски „без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“ е првата индиција на некои карактеристики на оваа јавна „ферка“ меѓу формалниот лидер и лидерот во дебела сенка. Тие се сигнал за дефинитивното разидување меѓу Мицкоски и Груевски, иако, до скоро, многумина во земјата беа на став дека тие се во длабока политичка врска и со координирани дејствија.

Али Ахмети како кум на партнерскоразводната парница во ВМРО-ДПМНЕ

Но, пред да преминеме на анализа на тие индиции чиј вординг го налага заклучокот дека „пукнала тиквата“ меѓу некогашниот истомислечки пар, апсолутно е важно да заклучиме и да нотираме кој или што беше тригерот за оваа партнерскоразводна парница.

Али Ахмети. Лидерот на ДУИ кој ретко дава изјави, овој пат во два дена на две телевизии им го пушти „црвот на сомнежот“ на Груевски и Мицкоски и тој почна да си работи и тоа овој пат со изненадувачка брзина што сугерира дека, всушност, тиквата била веќе зрела за пукање.

Најголемата иронија што ретко кој може(ше) да ја очекува од Али Ахмети, односно ДУИ, е соопштението од 20 септември. Во него се вели дека „ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од европска Македонија.

Еден пасус пред тоа од ДУИ/Ахмети и пораката: „Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани“, а тие, ДУИ/Ахмети, биле „за надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето“.

Но, да се вратиме на индициите и на бојата на борбата на двете струи во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега е веќе сосема јасно дека ги има и дека подолго време беа криени во втор план.

Но сега веќе јавноста почна да прашува: Кој за кого одработува? Дали јавните препукувања меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ конечно излегоа на површина по подолготрајните шпекулации во јавноста дека Христијан Мицкоски не е во добри односи со Никола Груевски, во кого пак голем број од членството има доверба до денешен ден.

Да потсетиме само на една епизода, оние што го познаваат Никола Груевски, уверуваат дека тој никогаш нема да ја заборави онаа изјава на Мицкоски дека „Секој што е бегалец од правдата треба да се соочи неа, а правосилно осудените треба да одговараат“ во интервју за А1.он од 28 октомври 2022 година.

„Секој што е правосилно осуден, треба да си одговара. Дали се вика Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски или било кој друг во државата, без разлика на функцијата, треба да одговара“, рече тогаш Мицкоски, а Груевски тоа си го запиша во неговото тефтерче.

И почна да си работи.

А за тоа како работи Груевски, одговорот најдобро го знае Мицкоски и затоа во својот одговор на „прозивката“ на Никола од Будимпешта напиша: „За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018-та, ова е друго време“.

Предавници или патриоти – Клетвата на ВМРО од тројца војводи еден е кодош

Но, којзнае дали за ВМРО-ДПМНЕ ова е друго време ако се знае дека расколите во оваа партија не признаваат ниту време ниту простор. Сега поделбата на „предавници“ и „патриоти“ којашто ВМРО-ДПМНЕ ја аплицираше во односите со сите политички ривали и противници на нивните политики, полека почнува да се вгнездува во нивните редови. И тоа не им е прв пат. По правило се случува(ше) после секоја промена на лидерот и раководството на партијата.

Еве да се потсетиме. Иако релативно релаксирана беше транзицијата на лидерството од Љубчо Георгиевски кон Никола Груевски во 2002 година, само две години подоцна, во 2004, Георгиевски, со поддршка на „брат“ Љубе (Бошковски) му направи пуч на Груевски на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако партијата доживеа дебакл на претседателските избори кога Бранко Црвенковски го победи Сашко Кедев.

Расколот во партијата кулминираше со случувањата во хотелот „Панорама“ кога на паркингот пред хотелот во кој се одржуваше седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа неколку стотици вооружени членови на партијата со барање седницата да биде прекината, а раководството да поднесе оставка.

Во крајно тензична атмосфера и со мирисот на барутот после серија инциденти, приврзаниците на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски сепак не успеаја да ја остварат целта, но од 33-те пратеници колку што ДПМНЕ во тој момент имаше во македонското Собрание, само десетина му останаа верни на Груевски. Сите останати заминаа во новоформираните ВМРО НП на Љубчо Георгиевски и Земјоделската партија на Марјан Ѓорчев, противкандидатот на Груевски на конгресот за избор на партиски претседател, кој една година претходно се одржа во Охрид.

Она што денес се случува во најголемата опозициска партија, како што напиша уште пред две година прилепскиот новинар Зоран Милошески, ги има сите показатели кои навестуваат дека „Панорама“ ѝ намигнува на „Белата палата“.

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

Кога почна да се пишува оваа анализа, нејзините контури го сугерираа насловот „Одбраната и/или последните денови на Мицкоски“ инспириран од култниот албум на белградската, ексјугословенска група „Идоли“. Колегата во редакцијата додека ја брејнстормиравме темата на оваа анализа и ннасловот кој се наметна рече дека интересно е совпаѓањето на „византизмот“ во албумот на „Идоли“ со „византизмот“ на внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, заклучивме дека оваа споредба не е баш најсоодветна зашто „византиските игри“ на царскиот двор во некогашната престолнина на Византија, Константинопол, навистина биле мотивирани од личните амбиции, но никогаш на сметка на империјата. Токму затоа Византиската Империја е најдолготрајната империја на тлото на Европа.

Тоа е добра поента во завршницата на овој текст да констатираме дека, ако ги пренебрегнеме личните мотиви и на Мицкоски и на Груевски, може да се каже дека „одбраната и последните денови“ во ВМРО-ДПМНЕ се вусшност битка за ЕУ или/и за власт.

Токму така како што во интервјуто за „Слободен печаст“ изјави и Никола Тодоров, висок партиски фукнкционер и министер во неколку наврати во времето на Никола Груевски, кој уште дополнува дека „во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО најдолго време во опозија“.

Тодоров уште вели дека „Никола Груевски сѐ уште има влијание не само меѓу вмровските поддржувачи, туку и кај дел од пратениците и меѓу раководството“ и тоа е доволно да прогласиме дека „Игрите почнаа!“.

А какви ќе бидат тие игри, индикациите се во уште еден дел од изјавата на Мицкоски во која има и доза на закана: „Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија“.

Од целата оваа ситуација најважно е, како во случајот на Византија, во битката на партиските лидери, и формални и во сенка, да не настрада Македонија и нејзината европска перспектива и иднина.

Извор: Рацин

Tags: АхметиВМРО-ДПМНЕГруевскиМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ