• Latest

Бугарија ќе ги објави имињата на сите Македонци со бугарски пасош

September 22, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарија ќе ги објави имињата на сите Македонци со бугарски пасош

September 22, 2023 08:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.

Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.

Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев.

Со предложените измени за добивање на бугарско државјанство задолжително ќе биде познавањето на бугарскиот јазик. При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.

Ново е и дека ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство. Исто така, се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен. Во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено.

Паралелно, претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов се закани со одземање на пасошите на сите жители на Пустец, Албанија доколку на пописот што е во тек, не се попишат како етнички Бугари.Тој појаснува дека доколку тамошните жители, се во процедура за пасош, таа ќе им биде прекината, со што испрати притисок и закана.

Амбасадорот на Бугарија во Република Албанија, Ивајло Киров, допатувал во Пустец во време кога во Албанија се одржува пописот на населението и домаќинствата и граѓаните ќе бидат прашани и за нивната етничка припадност. Потпретседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Ефтим Митревски оваа посета ја оценил како мешање и форма на притисок и оти „не е нормално на ваков начин Бугарија да се меша во внатрешните работи на Албанија“.

Претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани исто така информира дека бугарскиот амбасадор ги убедувал Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди – таблети и телефони.

Свое видување искажа и Никола Ѓурѓај, уредник на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија. Според него, секому му е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

-Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако, ги насочува сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа, вели Ѓурѓај.

Извор: Независен

Tags: БугаријапасошСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ