• Latest

Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени

October 2, 2023
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени

October 2, 2023 14:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Милион евра се очекува да изнесува негативната финансиска импликација врз Буџетот со владината одлука за намалување на увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии Фатмир Бесими, значително ќе се влијае на цените на овие производи.

Одговарајќи на новинарско прашање колкави негативни ефекти врз Буџетот има укинувањето на овие давачки, Бесими денеска изјави дека клучно било намалувањето на цените, а не буџетските финансиски импликации.

-Главната цел беше да се влијае на цените на овие производи за да бидат пониски на пазарот, а фискалните давачки не беа приоритет особено поради фактот што се работи за автономни мерки со времено траење. Сметавме дека ќе се влијае директно позитивно на пазарот затоа што вкупните давачки, и царински и даночни, за овие производи достигнуваат 65 проценти и сметавме дека таму ќе има позитивно влијание. Но, фискалните импликации се помалку поради МФН правилата на повластени тарифи, согласно Светската трговска организација во голем дел имаме нула тарифа, а во некои имаме и квантитативни мерки. Според некои првични проценки од тоа што го гледавме нема да достигне милион евра вкупниот фискален ефект од овие мерки, а во стопанството во нашата економија значително ќе влијае на цените на овие производи, изјави Бесими по потпишувањето на Фискалната спогодба за ИПАРД 3.

Прашан како се доведовме во ситуација субвенционирано овошје и зеленчук да се извезува, а истите трговци да увезуваат поскапо овошје и зеленчук, министерот Бесими посочи дека сме либерална економија со обврски согласно членството во СТО, кандидатскиот статус за ЕУ и Договорот за стабилизација и асоцијација.

-По основ на тие меѓународни договори сме земја која е со слободна трговија на овие производи, вклучително и дел од земјоделските производи.  И во текот на 2021 година имавме закон со кој за голем дел од производите беа намалени царинските давачки, така што и во овој дел тоа е во однос на интеграциите. Но, во однос на субвенциите главно е поддршка на домашното производство и во рамки на меѓународни договори даваме можност со автономни мерки на пазарот да влезат производи со пониски крајни цени на потрошувачи, рече Бесими.

Трговците, дополни тој,  покрај тоа што се носат од мотивацијата за зголемување на профит сепак ако цените беа поволни треба да се понудат на домашниот пазар. Од формален аспект не можеме да ограничиме затоа што сме обврзани со  меѓународни договори во однос на интеграција на пазарите, но во другиот дел  гима и доста мерки и активности што Владата ги презема, за ограничување на маржите, како и гарантирање на цените кои се времени мерки. Овие се административни мерки, но се поддржани со многу други мерки за ефектот врз трговците да не биде директен на штета на нивниот бизнис и функционирање, но сепак како Влада одговорни сме цените да не влегуваат во фазата на шпекулативни цени кои ќе значат повисоки цени за нашите граѓани, потрошувачите,  изјави Бесими.

Тој очекува  утре на пленарна седница да се изгласа Предлог одлуката за прераспределба на средства во Буџетот, со која се предвидени 4,5 милијарди денари за антикризни мерки.

-Владата ќе излезе со конкретен предлог,  како и досега субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има и мерки за поддршка најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството. Една од мерките за поддршка на стопанството е и зелената обврзница во износ од 10 милиони евра за која минатата среда беше објавен проспектот, а оваа среда ќе има аукција. Средствата ќе одат во Развојната банка за поддршка на стопанството за обврски и кредити за енергетска ефикасност, изјави Бесими.

Најави дека во текот на годинава за стопанството ќе станат оперативни и 100-те милиони евра што се обезбедени од Европската инвестициска банка, како и дополнителни 50 милиони евра за мали и средни претпријатија за поддршка на зелена транзиција и на жени претприемачи.

-Веќе се прават мерките, Владата ќе излезе со конкретниот пакет и во наредниот период ќе се знае кои мерки ќе бидат презентирани, рече министерот за финансии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ