• Latest

24 ЧАСА: Радоичиќ пуштен на слобода по еден ден притвор; Агелер ги повика партиските лидери да ја направат вистинската работа; Игри зад олтарот – руски свештеник шпион против автокефалноста на МПЦ

October 4, 2023

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Радоичиќ пуштен на слобода по еден ден притвор; Агелер ги повика партиските лидери да ја направат вистинската работа; Игри зад олтарот – руски свештеник шпион против автокефалноста на МПЦ

October 4, 2023 17:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Радоичиќ пуштен на слобода

Вишиот суд во Белград го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на поранешниот потпретседател на партијата „Српска листа“, Милан Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Ги повикувам лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава

„Ги повикувам лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава и за овие деца“, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот на уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ и ставот на опозицијата дека не прифаќа измени на Уставот под бугарски диктат.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Дир: Една од целите на Формулата за мир на Зеленски е деминирање на руските мини во Украина, една од најминираните земји во светот

Една од целите на Формулата за мир на Володимир Зеленски е деминирање на загадените од страна на руските агресори територии на Украина – која е една од најминираните земји во светот – 174.000 km2 се загадени од руски мини. Формулата за мир мора да биде имплементирана, објави на Твитер украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир.

ОН: Над илјада цивили биле убиени од февруари до јули во Украина

Воените дејствија во Украина ги однесоа животите на најмалку 1.028 цивили меѓу 1 февруари и 31 јули оваа година. Во истиот период повредени се 3.593 лица, изјави Даниел Бел, шеф на набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина при презентирањето на новите податоци за состојбата со човековите права во Украина.

ЕУ проценува дека Украина ќе има право на 186 милијарди евра по пристапувањето

Пристапувањето на Украина во ЕУ ќе му даде право на Киев на околу 186 милијарди евра во текот на седум години, покажуваат интерните проценки на заедничкиот буџет на Унијата, претворајќи „многу“ постојни земји-членки во нето-плаќачи по првпат, пишува Фајненшл Тајмс.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АМНЕСТИЈА Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура, соопшти денеска Министерството за правда.

Меѓу клучните новини содржани во овој Предлог-закон, како што информира Министерството за правда е прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА На првата нова пленарна седница ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески поднесена од пратениците на Беса, Демократско движење и Алтернатива.

ПРАВДА Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.

РОАМИНГ Македонските граѓани од овој месец  имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор – Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот, Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци.

Ова се дел од насловите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЗЕЛЕНИ

Нов проект на ЦИВИЛ: Зелен форум – дебатна платформа за клучните зелени прашања

„Зелен форум“ е проект на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) чија цел е да обезбеди платформа за дебата за клучните зелени прашања, што понатаму ќе послужи како ресурс за понатамошно креирање и имплементација на зелени политики и практики.

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво. Последниве години, фокусот на пошироката јавност, медиумите, граѓанското општество, па и академската фела е насочен кон оживување на темите поврзани со зелените прашања, нивно разбирање и промовирање.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ утре во Кочани: Граѓански дијалози за меѓуетничките односи, работна средба и со градоначалникот Папазов

Секогаш во движење и во контакт со граѓанките и граѓаните, тимот на ЦИВИЛ ќе се сретне со претставниците на локалната самоуправа и граѓанските организации во Кочани, на 5 октомври. Средбата на тема „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ е јавна и ќе се одржи во просториите на општината, со почеток во 11 часот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Да направиме отклон за миг од сторијата и да се потсетиме дека гостите од Русија дојдоа лани, некако ненадејно, во Скопје во митрополијата, а дека портпаролот на МПЦ Тимотеј пред новинарите излезе доста збунет. Побара од претставниците на пресот да не се бранува многу ситуацијата и дека сѐ треба да се одвива со голема дипломатија и внимателност, а новинарите мислам дека тоа го почитуваа.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „ИГРИ ЗАД ОЛТАРОТ: Како рускиот свештеник со шпионско досие работел против автокефалноста на МПЦ“.

„Што прави Мицковски, заедно со масивната антидемократска и антизападна машинерија зад него?

Го храни национализмот и внесува раздор. Стравот и омразата се неговата муниција со кои тој, преку влијанието во медиумите (почнувајќи од јавниот сервис МРТВ), деноноќно ја бомбардира македонската јавност. Зад сите големи зборови и патетика што ги употребува овој радикален политичар, не е тешко да се забележи неговата лична амбиција.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Мицковски заборава: Граѓаните повеќе пати изгласаа промена на таквите како него“.

„Почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст. Не може нашите македонски чеда да растат со хитовите како што е бугарската песна „Васко жабата“ или српската „Жена од султана“ а да не си ја знаат химната. Ќе почнеме со изведба на химната секој понеделник сè додека дечињата не ги научат нашите македонски патриотски песни како што се: „Нешто ќе те питам бабо“, „Проклети да се предавниците“, „Оган да ги гори“, „Едно име имаме“ и други, вели нашиот извор., пишува авторот Златно Грло во сатирата  „Не само химната, учениците ќе ја пејат и „Нешто ќе те питам бабо“ и „Друже Тито ми ти се кунемо“.

АНАЛИЗА

„Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти беше отстранет од канцеларијата по историскиот предизвик на неговото раководство од својата партија. Републиканецот се соочи со предлог за разрешување, кој што беше поттикнат од страна на сојузникот на Доналд Трамп, Мет Гаец, во понеделникот, само неколку месеци откако ја обезбеди неговата позиција во 15 круга гласање.

Ова е прв пат во историјата на Соединетите држави, конгресот да изгласа отстранување на претсетаделот на Претставничкиот дом.“, извадок од анализата „Кевин Мекарти стана последната жртва на тврдокорните републиканци на Трамп, што ќе значи разрешувањето на спикерот на американскиот Конгрес за помошта за Украина?“, од Драган Мишев.

Подготви: Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ