• Latest

Албански медиуми: Радоичиќ ослободен од притвор; европарламентарците го распнаа Вучиќ; Стејт департментот со истрага за воените возила користени во нападот во Бањска

October 4, 2023
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Радоичиќ ослободен од притвор; европарламентарците го распнаа Вучиќ; Стејт департментот со истрага за воените возила користени во нападот во Бањска

October 4, 2023 11:23
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот, Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци.

Ова се дел од насловите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

Балкан Веб: Милан Радоичиќ ослободен од притвор

Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот. Судијата на претходна постапка го отфрли предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград за определување мерка притвор за Радоичиќ по разговорот, пренесе Балкан Веб.

Газета Експрес: „Автократ“, „класичен терористички акт“, „извор на дестабилизација“, европратениците го „распнаа“ Вучиќ

„На вчерашната вообичаена седница на Европскиот парламент се разговараше за тензиите меѓу Косово и Србија, по терористичкиот напад што таа го организираше против косовската полиција. Едногласно, пратениците на ЕП побараа да се воспостави правда за овој агресивен чин, додека српскиот претседател Вучиќ беше наречен автократ.“, пренесе  Газета Експрес.

Клан Косова: Стејт департментот  ќе истражува дали Србија го злоупотребила  за тероризам военото возило што им го подари

Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци.

Тоа е затоа што високите косовски власти објавија дека српските терористи користеле воени возила од типот Хамви, на обука за подготовка на терористички акти на Косово, а едно од нив било употребено и во терористичкиот акт во Бањска, пренесува Клан Косова.

Албеу: Српско обвинителство – Радоичиќ го купил оружјето во Босна, Косовска полиција: Произведени се во Србија

„Од јануари 2023 година до 24 септември, Милан Радоичиќ купил оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ од Тузла, Федерација на Босна и Херцеговина.

Ова е верзијата на Вишото јавно обвинителство во Белград за оружјето што беше употребено во терористичкиот напад во Бањска во Звечан против косовската полиција на 24 септември, каде беше убиен наредникот Африм Буњаку.

Од косовската полиција и од Министерството за внатрешни работи континуирано се соопштуваат дека оружјето на терористичката група што беше запленето во Бањска и околината е произведено во Србија и годината на производство на дел од нив (последниве години , уште повеќе 2023) сугерира дека групата ја снабдувале српските институции, пренесува Албеу.

Коха: Граничната точка во Брњак отворена за сообраќај, Јариње останува затворено за влез од Србија

Граничниот пункт во Берњак во средата наутро е пуштен за сообраќај. Во меѓувреме, граничната точка во Јариње и натаму останува затворена за влез од Србија,  потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Сури: СПАК мора итно да го истражи изборниот криминал од 14 мај и корупциската афера Рама – Мекгонигал

„Оној што има очи нека гледа, а кој има уши нека слуша. Тоа е заповеднички израз за секој разумен човек, уште повеќе за телото на правдата. Уште повеќе за главниот дел од еднаквоста пред законот, како што треба да биде СПАК. Цела деценија идеи, енергии, политички и јавни, општествени и професионални борби се зближија до исполнувањето на мисијата на правдата што беше наречена нова и почетокот на работата на органот од кој зависат сите надежи на Албанците, но и меѓународната заедница.“, пишува авторот Ндричим Кула во колумната „СПАК мора итно да го истражи изборниот криминал од 14 мај и корупциската афера Рама – Мекгонигал“, објавена во Сури нет.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ