• Latest

За интерпелацијата за Јовески ќе се расправа на првата нова собраниска седница

October 4, 2023

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За интерпелацијата за Јовески ќе се расправа на првата нова собраниска седница

October 4, 2023 14:53
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На првата нова пленарна седница ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески поднесена од пратениците на Беса, Демократско движење и Алтернатива.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информираат дека одговорот на Јовески пристигнал до законодавниот дом во рокот даден во Деловникот односно вчера попладне по пошта, така што тој денеска се дистрибуира до пратениците, а интерпелацијата ќе се најде на дневен ред на првата наредна нова седница.

– Одговорот од страна на јавниот обвинител е доставен на време. И во моментот службата работи на тоа, и за кратко време ќе го добијат сите пратеници. Според наведените членови од Деловникот, интерпелацијата ќе биде на првата наредна ова седница. Претседателот на Собранието ги почитива сите рокови и постапува по Деловникот, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Јавниот обвинител, како што наведуваат, ја примил интерпелацијата на 18 септември Треба да се достави одговор во рок од 15 дена од денот на приемот, односно до 2 октомври.

Врз основа на членовите 46 и 47 од Деловникот јавниот обвинител има право да поднесе писмен одговор најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата, односно до 02.10.2023 година. Ако Јавниот обвинител достави одговор интерпелацијата се става на дневен ред на седница на Собрание по истекот на 15 дена од добиениот одговор. Ако Јавниот обвинител не достави одговор до 02.10.2023 година интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, односно по 02.10.2023 година.

Пратениците од опозициските партии на Албанците кои ја поднесоа интерпелацијата денеска на прес-конференција обвинија дека претседателот на Собранието Талат Џафери не ја ставил во предвидениот рок точката за интерпелација на Јовески.

-Нашето основано сомнение е дека тој имал улога во поинакво насочување на судскиот процес што се водел во врска со пожарот на модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 пациенти, рекоа претставниците на Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Tags: интерпелацијаЈовескиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ