• Latest
Бенјамин Нетанјаху

Нетанјаху: Непријателот сакаше војна и ќе добие војна

October 9, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху: Непријателот сакаше војна и ќе добие војна

October 9, 2023 22:29
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека земјата е во војна за да ја обезбеди својата егзистенција и дека злосторствата извршени од Хамас се слични на оние од времето на терористичката организација Исламска држава.

„Ние сме во војна за да ја обезбедиме нашата егзистенција, војна во која ќе победиме“, истакна Нетанјаху, оценувајќи дека „војната ја наметна ужасен непријател – ѕверови кои го слават убивањето на жени, деца и возрасни луѓе“.

„Злосторствата извршени од Хамас не се видени уште од злосторствата на Исламската држава. Деца ќе бидат егзекутирани со нивните семејства, девојчиња и момчиња застрелани в грб, убиени. Секогаш знаевме што е Хамас. Сега целиот свет знае. Хамас е Исламска држава“, рече израелскиот лидер во своето второ телевизиско обраќање од саботата, кога почна ненадејниот напад на Хамас врз Израел.

Тој најави дека Израел ќе го победи Хамас како што просветениот свет ја победи Исламската држава.

„Отсекогаш знаевме кој е Хамас. Сега целиот свет знае. Хамас е ИСИС. И ние ќе го победиме како што просветениот свет го победи ИСИС. Овој злобен непријател сакаше војна и ќе добие војна“, истакна Нетанјаху, повторувајќи дека ова е „само почеток“.

Израелскиот премиер го изјави ова откако военото крило на Хамас се закани дека ќе ги убива луѓето заробени за време на нападот на југот на Израел и одведени во Појасот Газа.

Како што синоќа неофицијално објавија палестинските екстремистички организации, има повеќе од 130 заложници, а израелската страна наведе дека меѓу нив има војници и цивили, меѓу кои и жени, деца и повозрасни лица.

Бројот на загинати во Израел од ракетирањето на Хамас од Газа и судирите што избувнаа во јужен Израел кога вооружени екстремисти ја преминаа границата, се зголеми на повеќе од 900, објавија вечерва медиумите на хебрејски јазик.

Во меѓувреме Хамас објави дека во Појасот Газа загинале 687 лица.

Илјадници луѓе се повредени од двете страни.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: војнаНетанјахуТВ обраќањеХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result