• Latest

Пендаровски: На Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука

October 14, 2023
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пендаровски: На Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука

October 14, 2023 12:43
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. На претстојниот декември самит Европскиот Совет има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на Западен Балкан, наместо да го одложува тоа прашање за по европските избори, порача претседателот Стево Пендаровски, на Регионалната конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи”, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

Според Пендаровски, неспорно е дека со кандидатскиот стаус им се дава симболична поддршка на Украина и на Молдавија, во исклучително тежок период и тоа е добро, но, како што истакна, на Западниот Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука, објави МИА.

Базирајќи ги своите одлуки за Украина и за Молдавија врз геополитичкиот резон наместо врз традиционалната агенда на реформи и перформанси, според Пендаровски, Унијата започнала да наликува на НАТО.

Ако ЕУ навистина има амбиции да биде геополитички играч мора прво да  го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција на Западниот Балкан, рече Пендаровски.

Тој потенцираше дека динамиката на проширувањето на ЕУ и проширувањето не смее да зависи од кризи, како и дека актуелните случувања во Косово и процесите во Босна и Херцеговина се потсетување дека не смее да се занемарат отворените прашања и невралгичните точки што имаат потенцијал да го дестабилизраат нашиот регион, а преку него и самата Унија.

На конференцијата се предвидени обраќања и на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Конференцијата во Скопје е дел од циклусот настани поврзани со мирот и безбедноста во Западен Балкан одржани во последните две години во соработка на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

Tags: ЕУЗападен БалканПендаровскиполитичка одлукарегионална конференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ