• Latest

Јанкулоска излезе од затворот Идризово

November 1, 2023
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанкулоска излезе од затворот Идризово

November 1, 2023 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, утрово излезе од затворот „Идризово“, пишува „360 Степени“. Тоа го потврдил сопругот и адвокат на Јанкулоска, Влатко Илиевски.

Излегувањето од затвор е со условен отпуст по одлука донесена од Апелација – доколку до крајот на септември следната година не направи ново кривично дело.

Таа по три години и еден месец излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.

Како што пишува во одлуката на второстепениот суд, Јанкулоска од 1 ноември се ослободува од натамошно издржување на затворската казна под услов до истекот на условниот отпуст, кој е утврден до крајот на септември следната година, да не стори ново кривично дело.

Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбатана осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело.

Заради  транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањетоги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор. Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во којаимала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ“, се наведува во  соопштението на Апелацискиот суд од 12.10.2023 година.

фото: Архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ