• Latest

24 ЧАСА: Јавноста на нозе по скандалот на Канал 5; ЦИВИЛ со остра осуда за нападот врз слободата на говорот; поднесена интерпелација за државниот обвинител Јовески; македонски државјани на списокот за безбедно напуштање на Газа

November 2, 2023

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Јавноста на нозе по скандалот на Канал 5; ЦИВИЛ со остра осуда за нападот врз слободата на говорот; поднесена интерпелација за државниот обвинител Јовески; македонски државјани на списокот за безбедно напуштање на Газа

November 2, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалот на Канал 5 ја разбрани јавноста

По синоќешното скандалозно издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во кое директорот на телевизијата,  Иван Мирчевски, се вклучи во живо и го избрка од емисија гостинот Исмет Рамадани, граѓанки и граѓани, интелектуалци и новинари се огласија со свои ставови за инцидентот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи и Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА , излезе со соопштение во кое најостро го осудуваат актот на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој, со упад во програмата, во емисијата „Само вистина“ и со директни и груби изрази, го избрка од студиото гостинот Исмет Рамадани, угледен интелектуалец, поранешен пратеник и актуелен советник во владата, и прв човек во Евроатлантскиот совет.

„За овој акт и слични практики, мора да се поднесе одговорност. Најмалку што треба да се случи сега е гостинот Рамадани, но и целата јавност, да добијат извинување од редакцијата на емисијата и од Канал 5, а управителот да поднесе оставка.

Институциите, регулаторните и  саморегулаторните тела имаат обврска и мандат најостро да го осудат ова однесување, и да го санкционираат.“, се наведува меѓу другото во соопштението.

ЦИВИЛ ја повика јавноста решително и остро да ги осуди сите што се обидуваат да предизвикаат поларизација и меѓуетнички тензии.

ЗНМ, ССНМ, СЕММ и АВМУ во соопштенија за јавноста изразија сериозна загриженост во врска со оваа интервенција, бидејќи директно го нарушува принципот на уредувачка независност што е камен-темелник на независното новинарство, и дека медиумите треба да бидат простор за отворена дебата, место каде ќе се изнесуваат различните мислења и ставови (и позитивни и негативни) на учесниците во интервјуа, дискусии и други емисии.

На социјалните мрежи беше забележителна активноста во овој правец, а во ЦИВИЛ пристигнаа бројни реакции од јавни личности кои јасно и остро го осудија актот Мирчевски.

Сарачини: Цензура и кршење на слободата на говор

Љубчо Георгиевски со иронија: Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат

Земон: Национален медиум не смее да промовира ваков волунтеризам на директор на медиум!

Мехмети: Мирчевски е ноторен лажго и опасен манипулатор, и е срам за новинарската фела

Целакоска: ВАЖНО Е! медиумите да бидат слободни да реализираат нарачки на ВМРО-ДПМНЕ

Селими: Секој кој има грам достоинство и интегритет како јавна личност не треба да прифати покана за настап на Канал 5, без јавно извинување до Рамадани

Јонузи: Наместо Исмет Рамадани, емисијата требаше да ја напушти директорот на Канал 5, бидејќи беше непоканет гостин

Дојранлиева: Како не му е срам на Мирчевски? Ова ли е слобода на говорот, или слобода на директорот да се јавува од дома и да брка гост?

Дритон Зенку: Забелешките на Рамадани беа разумни, во „Само Вистина“ точно е дека често се истура гнев против Албанците

Шкријељ: Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство

Николова: Особено е важно да се препознае обидот на ДПМНЕ да ги исполитизира случувањата во дебатната емисија на Канал 5

ЦИВИЛ денеска одржа Отворено студио во живо, на кое за своите гледишта за синоќешниот инцидент ги изразија поранешниот претседател на ЗНМ и новинар Насер Селмани, аналитичарот Љубомир Костовски, новинарот Зоран Иванов  и Петрит Сарачини од ИМА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските пропагандистите направија видео користејќи снимки од различни веб-страници. Руските Телеграм канали споделија видео кое се обидоа да го пренесат како мотивационо видео од украинските вооружени сили.

Претставникот на земјата агресор, Русија, со небулозни и контрадикторни изјави дели лекции во ОН

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија.

МАТУРА Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура.

ЕВАКУАЦИЈА Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.

СВЕТ

Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија во Газа загинаа 195 луѓе

УНИЦЕФ: Убивањето деца во Појасот Газа не може да стане новото нормално

ЗЕЛЕН ФОРУМ

Интервју – Д-р Огнен Марина: Постои граѓански консензус за зелените прашања, политичкиот фокус е насочен кон други наративи

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми – Албански медиуми: Специјалното обвинителство продолжува со рациите во Косово; Рударите и Специјалните единици на протести; албанското собрание како „бојно поле“; кредити на „жимимајка“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Шалабајзер е одлика на човек кој не се однесува одговорно и сериозно, најчесто на своето работно место, а сака да го ужива секој момент без водење на сметка за последиците утре. Или како во песната – како никогаш да нема да дојде тоа утре.“, пишува Војо Маневски во колумната „Шалабајзери“.

„Незнаење, простотилак, грубијанство и насилништво се главните карактеристики на актот на директорот на ТВ Канал 5 кој изврши дрзок и непримерен упад во емисијата „Само вистина“ и буквално (!) го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Неговиот дивјачки и навредлив настап беше преполн со омраза и презир, а со флоскулите за меѓуетничките односи успеа само да ги открие своите длабоко националистички позиции“, пишува Џабир Дерала во колумната ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ