• Latest
Фото МИА

Денеска во Скопје се одржува третиот саем на женско претприемништво

November 23, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Денеска во Скопје се одржува третиот саем на женско претприемништво

November 23, 2023 14:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото МИА

Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Скопје се одржа Третиот Самит за женско претприемништво во рамки на проектот Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП). Проектот е кофинансиран од Европската Унија и во истиот се споделуваат најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка за бизнисите раководени од жени.

Како што објави МИА,  на самитот беше истакнато дека платите на жените во државава се за 17.5 проценти пониски од тие на мажите, „женските бизниси„ се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата.

Капацитетот на жените во бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 проценти се активни на пазарот на труд поради што мора да работиме на зголемување на нивниот капацитет како економски ресурс. Повеќето од жените се во микро и малите претпријатија, а многу малку во големите компании, што значи дека она што го работат жените е со мал обрт и со малку вработувања и тоа е она на кое треба да посветиме внимание, – изјави Валентина Дисовска, претседателка на Здружение на бизнис жени и на Националната платформа на женско претприемништво.

Според неа, потребна е едукација, препознавање на добри практики и менторство, како и посветеност од институциите за подобрување на состојбите, меѓу останатото со фонд за поддршка за жени претприемнички.

-Треба да креираме околина за женско претпримеништво, да ги освестиме жените, да ги едуцираме како се работи бизнис бидејќи влегуваме во бизнис онака како што знаеме, без едукација, без вештини како да се промовираме, како да стасаме на странските пазари. Кога говориме за нееднаквоста на платите имаме разлика од 17,5 проценти и ако се движиме со  ова темпо ќе ни требаат 100 години за да стасаме во еднаквост на платите што не е добро. На тоа треба да се  работи и да се договорат работодавачите, синдикатите работниците, исто така и да се креира свесност, во спротивно ќе нема резултати, рече Дисовска.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на економијата и се потребни квалитетите на жените, а поддршката и промовирањето на женското претприемништво ќе ја подобри севкупноста на конкурентноста.

-Додека се обидуваме да дојдеме до поголем пазар на труд во нашата земја се уште скоро половина од жените се надвор од пазарот на труд. Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата. Со негово затворање ќе се искористи целосниот потенцијал за поттикнување на поразновидна и квалификувана работна сила, рече Битиќи.

Тој посочи дека женското претприемништво стратешко е опфатено и со Националната развојна стратегија и најави дека во буџетот за 2024 во рамки на постојните расходи се предвидува финансиска поддршка на приватниот сектор насочена и во делот на унапредување на женското претприемништво.

Битиќи истакна дека дополнителен фокус во рамки на овој буџет е на родово одговорните буџетски политики и оти посебно внимание е насочено кон финансиската поддршка прилагодена за женското претприемништво.

– Нашиот фокус треба да го свртиме од формата кон содржината и да почнеме да гледаме какви бизниси отвораат жените, за какви бизниси тие се охрабрени и поддржани за што ни се потребни и родово сензитивни податоци со кои ќе имаме јасна слика за развојот кој го поттикнуваме, укажа вицепремиерот.

Според министерот за економија Бектеши, охрабрувачки се податоцитедека се зголемува во континуитет бројот на компании кои се основани или, пак, управувани од жени и тоа споредбено 2022 со 2021 година за 34,25 отсто. Мерките за стимулирање на жените за започнување  свој бизнис кои Владата ги реализира секоја година,  како и активностите кои произлегуваат од Стратегијата за развој на женско претприемништво на РСМ ја постигнале целта, но не се доволни.   Затоа сите заедно МТСП, Министерство за економија, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања прават се поголеми напори се со цел жените претприемачи што повеќе да бидат поддржани од страна на институциите, рече бектеши, повикувајќи ги  здруженија да претстават нови иницијативи.

Во државава  во 2019 година е направена Национална стратегија за женско претпримништво со столбовите на кои треба да се работи за развој на ова претпримеништво. Во однос на државите од регионот сме на исто ниво, иако одреден период бевме најдобри.

Tags: Битиќиженско претприемништво
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ