• Latest

24 ЧАСА: Разрешена Вилма Русковска; најранливата категорија на пензионери останува во фокус; многу врева околу (не)доаѓањето на Лавров во Скопје

November 23, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Разрешена Вилма Русковска; најранливата категорија на пензионери останува во фокус; многу врева околу (не)доаѓањето на Лавров во Скопје

November 23, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Разрешена Вилма Русковска

Советот на јавни обвинители на денешната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Заради заштита на угледот и интегритетот на јавните обвинители против кои се води постапката, јавноста беше исклучена од расправата по оваа точка, а гласањето беше јавно. Советот најпрво едногласно ја отфрли како неоснована жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, а потоа едногласно го усвои и предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за нејзино разрешување.

Претседателката на Советот на ЈО, Душица Димитриеска, по седницата во изјава за медиумите, рече дека разрешувањето на Русковска е поради сторена тешка дисциплинска повреда, а дејствијата кои ги презела ќе бидат детално опишани во писмено изработената одлука, што ќе биде јавно објавена.

– Писмено изработената одлука ќе биде објавена на веб страната на Советот на ЈО и ќе може подетално да се запознаете со истата, изјави Димитриеска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организираше серија панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?

Учесници на панелот се новинарот Љубиша Николовски и Горан Лефков, истражувачки новинар и претседател на СКУП,  Центарот за истражувачко новинарство. 

 

Учесници на панелот се Насер Селмани, главен и одговорен уредник на Zoom.mk и Стево Башуровски, главен и одговорен уредник во ТВ Тера, Битола.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имал средба со специјалниот претставник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и со специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш. На состанокот се разговарало за актуелни теми од суштинско значење за перспективите на нашата држава, а била истакната и улогата на Северна Македонија за стабилноста на Западен Балкан.

МТСП Системските решенија за минималната плата и за пензиите даваат резултати. За повеќе од една година пензиите пораснаа за над 25 отсто, растот на пензиите го следи растот на инфлацијата, но и на просечната плата.

ЕКОНОМИЈА Во текот на изминатиот период, фактите говорат дека врз основа на политиките што ги имаме за зголемување и на инвестициите и на бројот на работници, има нови 4.800 вработени во технолошко – индустриските развојни зони ширум државата, а вкупниот број достигна од 17790, што е рекордно ниво на вработени во странските инвестиции што работат во технолошко индустриските развојни зони, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со заменик-министерот за финансии Филип Николоски, беше во посета на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје.

ДКСК Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која треба да бидат спроведени интервјуа на пријавените 42 кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Северна Македонија стана втората балканска земја по Романија која успешно ја заврши програмата за обука на првата група украински војници. Информациите за обуката до сега се чуваа во тајност од безбедносни причини.

*

Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска објави дека наскоро ќе распореди 50 припадници на финската граница, откако Хелсинки ја обвини Русија дека ја поттикнува мигрантската криза.

АЛ-ПРЕС

Тензиите во албанското собрание предизвикаа големо внимание не само во медиумите, туку и кај меѓународната заедница. По американската амбасада, апел за дијалог меѓу партиите упати и делегацијата на ЕУ во Тирана.

Петар Петковиќ, директорот на таканаречената „Канцеларија за Косово“ ги информирал косовските Срби дека „поради условите неприфатливи од премиерот на Косово, Албин Курти“ парламентарните избори во Србија на 17 декември нема да можат да се одржат во Косово. Косовскиот премиер претходно посочи дека   за ова е неопходен меѓудржавен договор и дека барањето за таков договор да дојде од Србија како заинтересирана страна.

Ова се дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Податокот дека постоењето на ЦИВИЛ трае речиси четвртина век и дека организацијата со нејзината „мала, но одбрана чета“ – како непремостлива брана се поставува кон сè што го загрозува, кочи или уназадува нашето општество во неговиот демократски развој, кажува дека организацијата и нејзините членови како општествен коректив имаат ѓаволски тешка задача и напорна работа.

Никогаш не се поставувале во општеството како носители на апсолутната вистина! Во нашите балкански жабокречини, каде чеканот секогаш има предност во однос на зборот и идејата, да негувате возвишени идеали за слободата и правдата звучи дури и романтичарски; патот на ЦИВИЛ е одамна избран. Сепак „за идеалите не гинат будалите“ туку луѓе со возвишени духови и визии!“, пишува извршниот директор и медиа директор на „Слободен печат“, Мирослав Јовановиќ, за 24 години постоење на ЦИВИЛ, во колумната „Еден од светилниците на слободата“.

*

„Ќе дојде ли шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров идната недела на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје? И дали воопшто треба да дојде? Дали Министерот за надворешни работи на земјата агресор која претставува најголем ризик за безбедноста во Европа и во светот треба да присуствува на Самит на Организација задолжена за безбедноста и почитување на човековите права? Дополнително, дали воопшто треба да добие покана од земја за која има непријателски став (Русија ја стави Северна Македонија на листата непријателски земји) и константно се меша во нејзините внатрешни работи и евроатлантски аспирации?“, пишува Драган Мишев во аналаизата „Многу врева околу (не)доаѓањето на Лавров на Самитот на ОБСЕ во Скопје“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ