• Latest

Албански медиуми: Американската амбасада и делегацијата на ЕУ во Тирана апелираа за дијалог меѓу партиите; ИПАРД откри 33 милиони евра злоупотреби во Албанија, во Косово нема да се одржат српските парламентарни избори

November 23, 2023
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Американската амбасада и делегацијата на ЕУ во Тирана апелираа за дијалог меѓу партиите; ИПАРД откри 33 милиони евра злоупотреби во Албанија, во Косово нема да се одржат српските парламентарни избори

November 23, 2023 09:50
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тензиите во албанското собрание предизвикаа големо внимание не само во медиумите, туку и кај меѓународната заедница. По американската амбасада, апел за дијалог меѓу партиите упати и делегацијата на ЕУ во Тирана.

Петар Петковиќ, директорот на таканаречената „Канцеларија за Косово“ ги информирал косовските Срби дека „поради условите неприфатливи од премиерот на Косово, Албин Курти“ парламентарните избори во Србија на 17 декември нема да можат да се одржат во Косово. Косовскиот премиер претходно посочи дека   за ова е неопходен меѓудржавен договор и дека барањето за таков договор да дојде од Србија како заинтересирана страна.

Ова се дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Панорама: Денеска нацрт-календарот за крајот на годината, што се очекува да се случи во Собранието, опозицијата предупреди на граѓанска непослушност, СП исклучи 4 пратеници

По американската амбасада, апел за дијалог меѓу партиите упати и делегацијата на ЕУ во Тирана, по последните случувања во Собранието.

Хаосот и тензиите создадени во Собранието ги чинеа демократите 57 изземања, а неколку пати се казнети Фламур Нока и Бледион Налбати. Понеделничкиот настан на седницата предизвика голема врева и во меѓународните медиуми, пренесе Панорама.

Сури: ИПАРД откри 33 милиони евра злоупотреби во Албанија, три пати повеќе отколку на целиот Балкан

Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, дадени со ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра што редовно не ја користат 6 други земји во Балканот како Турција, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија.

Податоците се пријавени во работен документ на Европската комисија (ЕК), кој дава статистичка проценка на пријавените неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама, пренесе Сури.

Визион плус: Албанскиот речник ќе се збогати со нови 70 илјади зборови, следната година ќе излезе новата верзија со 110 илјади зборови

Во новата верзија на албанскиот речник  ќе бидат додадени 70 илјади зборови кои претходно не биле вклучени во речникот објавен во 1980 година.

Речникот, кој се очекува да биде објавен во 2024 година, се очекува да содржи 110.000 зборови. Али Јашари, д-р професор на Универзитетот во Корча, кој е дел дел од работната група, вели дека оваа ажурирана верзија ќе им помогне на академиците, предавачите, преведувачите, студентите и новинарите, пренесе Визион плус.

КОСОВО

Газета Експрес: Српските парламентарни избори на 17 декември нема да се одржат во Косово

Петар Петковиќ, директорот на таканаречената „Канцеларија за Косово“ ги информирал косовските Срби дека „поради условите неприфатливи од премиерот на Косово, Албин Курти“ парламентарните избори во Србија на 17 декември нема да можат да се одржат во Косово.

Петковиќ до Централната изборна комисија, меѓу другото напиша  дека „Албин Курти го услови одржувањето на овие избори со признавање на еднострано прогласената независност на Косово од Белград“.

Во однос на барањето на Србија за одржување избори на територијата на Република Косово, премиерот Курти нагласи дека, како што го информирал шефот на ОБСЕ во неговиот одговор од 17 ноември, за ова е неопходен меѓудржавен договор и дека барањето за таков договор да дојде од Србија како заинтересирана страна“, соопштија од кабинетот на премиерот, пренесе Газета Експрес.

Бота Сот: Пописот на населението е одложен за април 2024 година

Владата на Косово одлучи да го одложи пописот на населението за следната година. Премиерот Албин Курти рече дека добил обврска од новото раководство на КАС дека овој процес ќе се спроведе во периодот од 5 април до 17 мај 2024 година. поранешното раководство на КАС, пренесе Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Република координативна управа

ЕУ долго време не знае како да се позиционира на Западен Балкан. Во отсуство на јасна позиција во однос на  независноста на Косово, таа се обиде да ги комплицира и прекомпликува работите кои всушност се прилично едноставни, пишува авторот Демуш Шаша.

Авторот во својата колумна, меѓу другото се осврнува на односот на ЕУ кон државите на Западен Балкан.

На пример, наместо да им се обраќа а на сите шест држави со терминот „држави“, какви што се, таа измисли термини како „земји“, „партнери“ или „економии“. Државите станаа земји, земјите станаа партнери, а партнерите станаа економии. И обратно – што и да значи тоа?! И во овој дух на компликација и прекумерна компликација, таа отиде дотаму што создаде нова држава: Република Координативна Управа, пишува Шаша во колумната „Република координативна управа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ