Со внимание ја следам вашата работа, затоа што најчесто не се поклопува со моите лични видувања за општествените, политички и економски состојби во Македонија, а и пошироко.
Различноста е секогаш поголем предизвик. Се трудам да ги разберам видувањата кои се различни.
Македонија има потреба од поголема плуралност во јавниот дискурс и затоа секоја различност треба да се поддржи и, пред сè, почитува.
Не мора да се согласуваме, но треба да се почитуваме.
Ви пожелувам професионални успеси во иднина и многу предизвици.
Ви пожелувам да сте свои и различни.