• Latest

Осуда на граѓанскиот сектор за нападот врз канцеларијата на „Гласно“ во Штип!

December 2, 2016

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Осуда на граѓанскиот сектор за нападот врз канцеларијата на „Гласно“ во Штип!

December 2, 2016 17:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода е една од 74 граѓански организации кои најостро го осудија нападот врз канцеларијата на здружението „Гласно“ во Штип, на 26-ти ноември, кога беа скршени прозорците и таблата со логото на Културно-уметничкиот центар „Текстил“. Потписниците на заедничката реакција, сметаат дека нападот е директен удар врз борбата за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните.

„Бараме МВР и Јавното обвинителство најитно да ги открие сторителите на овој напад кој испраќа сериозна закана и предизвикува чувство на несигурност. Здруженијата на граѓани изминативе години биле напаѓани повеќе пати, но досега, напаѓачите не се пронајдени за ниту еден случај! Сметаме дека е крајно време ваквата неказнивост да престане и конечно да бидат најдени сторителите на сите напади“, се вели во реакцијата на 74 здруженија и граѓански организации.

Просторите на „Гласно“ изминатите месеци биле „слободна зона на среќавање и организирање на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија“ и затоа, граѓанските организации, сметаат дека се работи за „напад врз работниците поради волјата за промени на нивниот статус и за конечно остварување на нивните права“.

Закажан е и првиот голем собир на текстилните и кожарските работници и работнички на 8 декември 2016, во 19 часот, во Штип, па се наметнува прашањето дали и поради тоа, некому му пречи здружението „Гласно“ и неговата работа?

„Зошто една ваква благородна идеја и цел да биде каменувана? Никој нема да ја запре борбата за подобрување на правата, условите и платите на работниците во текстилната и кожарската индустрија, која ќе продолжи и ќе биде гласна. Порачуваме дека нападите врз ‘Гласно’ ги разбираме единствено како страв од охрабрувањето на граѓаните конечно да побараат остварување на нивните загарантирани права и подобрување на нивниот социо-економски статус“, се вели во реакцијата на граѓанските организации.

 

Tags: „Гласно“74 граѓански организацииКУЦ „Текстил“нападНВО секторреакцијаЦивилШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ