• Latest

Се предлага нов закон за легализација на дивоградби

December 11, 2023

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се предлага нов закон за легализација на дивоградби

December 11, 2023 15:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени  објекти, по скратена постапка, на предлог на пратеникот Скендер Реџепи е на дневен ред на 135. седница на Собранието закажана за 22 декември годинава.

Со законот што го предлага Реџепи, кој делува како независен пратеник и неодамна ја формираше партијата Народно движење, се менува рокот до кој на бесправните објекти кои се предмет на законот треба да се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и да претставуваат градежна и функционална целина, односно се предлага да бидат опфатени дивоградбите изградени до крај на декември 2022 година. Исто така, се предлага и висината на надоместот која барателот треба да ја плати за стекнување со правен статус на бесправниот објект до и над 80 метри квадратни.

Висината на надоместот за уредување на градежно земјиште за делот од површината на бесправниот објект до 80 метри квадратни се зголемува за 50 проценти, а за делот што е над 80 метри квадратни за 100 проценти и се множи со површината на дивоградбата утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект.

Од Министерството за транспорт и врски за МИА изјавија дека до нив не е доставен предлогот за измени на законот и оти не можат да се произнесат. Истакнуваат и дека нема интерес за донесување на Предлог законот што на нивен предлог е доставен веќе две години во Собранието.

-До Министерството за транспорт и врски не е доставен предлогот на измените на законот и поради тоа не можеме да се произнесеме за овој предлог бидејќи на увид ги немаме измените. Потсетувaме декa речиси две години во Собранието поднесен е предлог Закон за постапување со бесправно изградени објекти доставен од страна на Министерството за транспорт и врски за кој нема интерес за негово донесување, изјавија од Министерството за транспорт.

Во Предлог законот поднесен од Реџепи се наведува дека во текот на 2022 година, на територијата на државава, според податоците на Државниот завод за статистика, регистрирани се 662 бесправно изградени објекти. Во зависност од видот на објектот, бесправно изградени се 111 објекти за домување, односно станбени згради, станбено – деловни згради и деловно – станбени згради и куќи за одмор (16,8  проценти), 101 доградба, надградба и адаптација (15,3 проценти), 58 деловни објекти (8.8 проценти), 94 гаражи (14.2 проценти), 125 огради (18,9 проценти), пет скалила (0.8 проценти), 19 тераси (2,9 проценти), шет летни тераси (0.8 проценти), 50 натстрешници (7,6 проценти), 15 времени објекти (2.3 проценти) и 79 помошни објекти (11,9  проценти).Најголем број бесправно изградени објекти (96,2  проценти) се во приватна сопственост.

– Иако во соопштенија на Државниот завод за ревизија од областа: Градежништво, за бесправно изградените објекти се даваат податоци за секоја година, сепак бројот на бесправно изградените објекти е многу поголем од објавениот, а некои истражувања даваат податок дека бројот на дивоградбите на територијата на цела држава изнесува околу 50.000 објекти. Оваа состојба сама по себе претставува сериозен проблем за државата и има повеќекратно негативно влијание врз целокупниот економскиот живот, а во истата како целна група се опфатени голем дел од населението, стои во Предлог законот.

Заклучно со март годинава, според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, во државава се легализирани 296 810 нелегално изградени објекти.

Легализацијата на дивоградби во државава првпат се овозможи со Законот за третман на бесправно изградени објекти од 2011 година. Законот и рокот за поднесување барања за легализација во неколку наврати претрпе измени, а со последната во 2021 година се овозможи негова примена уште пет години за да се постапува по предметите за околу 140.000 барања, што од најразлични причини останаа заглавени.  Истовремено со тие измени, на предлог на Министерството за транспорт и врски, во Собранието беше доставен нов закон за легализација, со кој би се опфатиле дивоградби изградени до јануари 2021 година, со плаќање казнени пенали, но дебатата воопшто не е почната.

Во тој предлог беше наведено дека ќе можат да се легализираат бесправно изградени објекти до 1 јануари 2021 година и е предвиден скалест начин за пресметување на надоместот за легализација. За објект до 80 метри квадратни, висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти од основниот комунален трошок, а за објекти над 80 метри квадратни, тој надомест се зголемува за 100 проценти. Според првичните проценки на ресорното Министерство, со него би се опфатиле над 50 000 барања, но конечниот број ќе се знае ако евентуално биде изгласан и се отвори можност за поднесување барања.

За досега легализираните дивоградби издадени се решенија со документација која опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки.  По разорните земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа апелираа дека евентуалните идни легализации задолжително треба да се прават со архитектонски проект и контрола на статиката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ