• Latest

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

December 13, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

December 13, 2023 13:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографија на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата, пишува Вистиномер.

Во текстот е рецензирана објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Иначе во Украина нема Нацисти, нели?

Потоа се споделува фотографија на која на англиски јазик пишува:

Хитлер би бил горд на Зеленски и неговите војници.

На фотографијата има две лица, прикажани како да се украински војници на чии униформи има  амблем на нацистички орел.

Нацистичкиот орел е симбол оригинално создаден од нацистичката партија во Германија во 1920-тите и претставувал симбол на германската влада, откако власта ја презеле нацистите. По Втората светска војна симболот бил присвоен од неонацисти во различни варијации. Симболот оригинално претставува орел кој држи свастика, но многу варијации ја заменуваат свастиката со некој друг симбол.

Оваа фотографија, споделена на Фејсбук, на која се гледаат двете лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Стоп Феик  амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформатата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата

И проверувачите на факти на Фактчек.бг пишуваат дека со помош на алатката „ви верифај“ утврдиле дека фотографијата е технички манипулирана, односно амблемот со украинското знаме е додаден на униформата, а орелот на ракавот на човекот од десната страна е дупликат од истиот амблем на човекот што е лево и, исто така, додаден на униформата.

Алатката „ви верифај“ овозможува верификација на фотографии со користење на различни алгоритми. Алгоритмот „ghost“ компресира и процесира делови од фотографијата за да нагласи регии кои потекнуваат од различна фотографија. Белите, светло сините и зелените делови кореспондираат со можни траги од монтажа односно менување на фотографијата:

Вистиномер повеќепати пишуваше за обидите вината за воената инвазија на Русија врз Украина да се префрли на Украина поради наводната соработка на Киев со нацистичка Германија во Втората светска војна. Дури и со монтирана фотографија снимена во Русија се обвинуваше Украина дека е „нацистичка“.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која содржината е изменета (altered content).

Tags: графички изменета фотографијаруска пропагандаруски дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ