• Latest

Албански медиуми: Договорот Рама – Мелони за емигрантите е проблематичен за Европскиот совет; Фајненшл Тајм ја стави Мира Мурати на листата највлијателни жени; Русија влијаела во кризата на северот на Косово

December 15, 2023

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Договорот Рама – Мелони за емигрантите е проблематичен за Европскиот совет; Фајненшл Тајм ја стави Мира Мурати на листата највлијателни жени; Русија влијаела во кризата на северот на Косово

December 15, 2023 11:20
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот совет за бегалци и прогонети со седиште во Брисел, изрази резервираност во врска со голем број прашања што се претставени со членовите од договорот за емигранти  Рама-Мелони, пишуваат албанските медиуми.

Американскиот Стејт Департмент во својот периодичен извештај за Косово, меѓу другото, нагласи дека Русија влијаела на кризата и тензиите создадени на северот, известија косовски медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

АЛБАНИЈА

Балкан веб – Уставниот суд ја суспендираше ратификацијата за бегалците, ЕУ со резерва: Проблемите на договорот Рама-Мелони со европските закони

Европскиот совет за бегалци и прогонети, (ECRE – Европски совет за бегалци и прогонети) со седиште во Брисел, изрази резервираност во врска со голем број прашања што се претставени со членовите од договорот Рама-Мелони.

Протоколот предвидува формирање два прифатни центри во Албанија за бегалците од Северна Африка и Блискиот Исток кои се фатени на море, пред да стапнат на италијанска почва, пренесе Балкан Веб.

АБЦ: Фајненшл Тајмс ја стави  Мира Мурати на листата на највлијателните жени во светот во 2023 година

Мира Мурати (Влора, Албанија, 34 години) беше една од главните креатори на земјотресот наречен OpenAI, компанијата која пред само една година никој не ја знаеше. Како главен директор за технологија на компанијата, Мурати го надгледуваше тимот што ја разви ChatGPT, најуспешната апликација во историјата и генератор на слики Dall-E.

Нејзиното име беше првото на кое се размислуваше да го замени извршниот директор Сем Алтман кога одборот на директори на компанијата го отпушти пред три недели.

Оваа приказна и нејзината позиција како извршен директор во OpenAI, една од најважните компании во моментот, ја сместија на листата на Financial Times за највлијателни жени на годината, пренесе АБЦ.

КОСОВО

Европа е Лире: „Мобилизација“ на Србите од Косово за поддршка на Вучиќ

„Може ли да сметам на вашата поддршка за претседателот [Александар] Вучиќ?“… „Мора да му се даде поддршка на претседателот [Александар Вучиќ]“…

Вакви реченици во последните денови слушаат вработените во српските институции на Косово од нивните претпоставени.

Ова за Радио Слободна Европа го потврдија повеќе извори во различни институции, кои работат во српскиот систем во општините со српско мнозинство јужно од Ибар, но не сакаат јавно да зборуваат.

Зери – Извештај на Стејт Департментот : Русија влијаеше на кризата и тензиите во северно Косово

Американскиот Стејт департмент во својот периодичен извештај за Косово, меѓу другото, нагласи дека Русија влијаела на кризата и тензиите создадени на северот. Во извештајот се споменуваат и инцидентите кои се случиле во тој дел, како и нападите на тамошните општински канцеларии, пренесе Зери.

Коха: 4200 Срби ги пренамениле регистарските таблички во РКС, денеска истекува рокот за пререгистрација

Денеска истекува рокот кога граѓаните на северот од земјава ќе можат да ги пререгистрираат своите автомобили со регистарски таблички РКС.

Заменик-директорот на полицијата за регионот на Митровица, Ветон Елшани изјави дека досега се пререгистрирани околу 4.200 возила, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Коха: Балканот, подалеку од ЕУ повеќе од што беше пред неколку години

„Но, реално, регионот е подалеку од ЕУ отколку што беше пред неколку години.

Црна Гора, која е прва и најбрза во овој процес, веќе две години не презема никакви сопствени формални чекори. Во Србија, предизборната кампања се фокусира на глорификацијата на Слободан Милошевиќ, ангажманот на Воислав Шешељ  и националистичката реторика.

Албанија и Северна Македонија не отворија ниту едно преговарачко поглавје. Додека ЕУ не ја ни разгледа апликацијата на Косово за членство во ЕУ, иако од овој чин помина цела година“, пишува косовскиот автор Аугустин Палокај во колумната „Балканот, подалеку од ЕУ  отколку од што беше пред неколку години“, објавена во Коха .

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ