• Latest

Груевски ги „дисциплинира“ дипломатите: ВМРО-ДПМНЕ ги заострува односите со меѓународната заедница!

December 18, 2016

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски ги „дисциплинира“ дипломатите: ВМРО-ДПМНЕ ги заострува односите со меѓународната заедница!

December 18, 2016 18:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата и тоа мора да запре. Остануваме отворени за соработка, но нема да дозволиме мешање на амбасадори во внатрешно-политичките работи на земјата. Нема да дозволиме аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификат, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи!“, им порача на демонстрантите во зовриената атмосфера пред Државната изборна комисија, експремиерот Никола Груевски, презентирајќи им го прогласот на Извршниот комитет на партијата.

Иако дел од дипломатите веднаш предупредија на реториката на демонстрантите, посочија дека не смее да се дозволи да излезе од контрола протестот пред ДИК и дека треба да се остави комисијата да работи без притисок, појавувањето и говорот на Груевски, како и прогласот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, само уште повеќе ја вжештија атмосферата.

Потенцирајќи дека нема да дозволи „кантонизација и редефинирање на државата“ под никакви услови, Груевски изјави и дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни и хибридни решенија во ниту еден сектор, ако такви не постојат во земјите-членки на ЕУ, како и дека ќе се бори „за десоросоизација и јакнење на независен граѓански сектор“.

dik-nak

„И историски и во сегашноста, ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде прозападна партија и насочена кон ЕУ и НАТО!“, рече Груевски и порача да се зачува Македонија: „Ова ваше собирање е крик на совеста на секој граѓанин!“.

Но, Груевски истакна и дека одделни странски претставници се вмешувале „во правец на постизборен инженеринг“, и најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на состаноци и преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници, а на кои се носат одлуки за кои одлучуваат претставниците избрани од народот. „Никој да не може да ги фалсификува изборните резултати!“, изјави Груевски.

gruevski-na-sud4

Во петокот вечерта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со американскиот амбасадор Џорџ Бејли и со амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, со кои, според провладините медиуми, разговарал за „скандалозната одлука на Државната изборна комисија”, за поништување на гласањето во едно гласачко место во Шестата изборна единица, и најавувајќи го прогласот на ИК донесен утредента, уште тогаш ги предупредил дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати одлуките на ДИК, кои можат да ја променат прераспределбата на мандатите. Иако дипломатите потенцирале дека се очекува лидерство од политичките претставници, пред сé, за спречување на ескалирање на состојбите, според одделни медиуми, Груевски отворено се заканил, а тоа е потенцирано и во партиското соопштение, дека не можат да го контролираат револтот на народот, чии следни постапки не може да се предвидат, ако институциите не работат согласно законот.

Груевски му соопштил на амбасадорот Бејли дека составувањето на новото мнозинство за владина коалиција зависи и од влијанието на надворешните фактори, со ограда дека тој и сопратијците присутни на средбата – немаат овластување да го информираат за кои надворешни фактори се работи!

_dsc0781

Тонот на партиското соопштение е јасна порака дека ВМРО-ДПМНЕ не ги осудува изјавите на говорниците – експонирани партиски личности, на демонстрациите пред ДИК, меѓу кои беше и пораката на Филип Петровски, директор на Државниот архив, упатена до неименуван амбасадор, „кој и онака е на заминување – да не ја провоцира повеќе Македонија!“

„ВМРО-ДПМНЕ нема дилема околу членството во НАТО, ЕУ и односите со САД, а најдобар доказ за тоа е потпишаната Декларација за стратешко партнерство, но тоа не значи дека некои поединци, партијата или државата, не можат да изразат некое несогласување со некои чекори на поединци кои ги претставуваат САД“.

tramp

 

Откако и евроамбасадорот Жбогар изразил загриженост од реториката која се користи од дел од говорниците на протестите пред ДИК, ВМРО-ДПМНЕ и нему му одговори со дел од соопштението: „Од партијата се потенцира дека е повеќе од две години загрижена од реториката, но и активностите кои беа преземани при протестите кои се случуваа во Македонија, како што беа палењето на канцелариите на претседателот на државата, кршењето и уништувањето на државен имот, обидите за насилно влегување и палење на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од полицијата и редица други слични постапки. Поддржуваме мирни демонстрации и не поддржуваме говор на омраза, но жалиме што Брисел и меѓународната заедница не изразуваа ваква загриженост и во претходните две години додека се одвиваа демонстрациите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, и на средбата со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад, Груевски и високи партиски претставници порачале дека партијата „нема да дозволи спроведување на постизборен инженеринг“, како и дека „сериозното мешање на одредени преставници на меѓународната заедница во внатрешните работи на земјата и внатрешнополитичките и меѓупартиски работи“, е пракса која според ВМРО-ДПМНЕ – „треба да запре!“

Според изјавата на поранешниот евроамбасадор, ирскиот дипломат, Ерван Фуере за „24 Вести“, „ВМРО ДПМНЕ се дисквалификуваше од новата влада, бидејќи јасно се противи на спроведување на итните реформски приоритети и работата на Специјалното јавно обвинителство“.

Tags: ВМРО-ДПМНЕдемонстрацииДИКНикола ГруевскипрогласСамуел ЖбогарЏес Бејли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ