• Latest

Албански медиуми: ЕУ бара изборите на северот на Косово да се одржат поскоро; во Звечан отстранет билборд со Вучиќ, Путин и Ѓоковиќ

January 26, 2024

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: ЕУ бара изборите на северот на Косово да се одржат поскоро; во Звечан отстранет билборд со Вучиќ, Путин и Ѓоковиќ

January 26, 2024 10:15
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано го изрази ставот на ЕУ  дека новите локални избори на северот на Косово треба да се одржат што е можно поскоро, известуваат косовските медиуми.

Во Звечан, косовското МВР отстрани билборд со Вучиќ, Путин и Ѓоковиќ. Од таму велат дека во Република Косово нема место за фигури на диктатори, напаѓачи, агресори, Косово е демократска земја, јасно дефинирана со западните вредности, затоа од денес нема да бидат дозволени симболи на диктатори или земји кои се агресивни во однос на Косово, јавуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Епока е Ре: Брисел бара изборите на северот на Косово да се одржат што е можно поскоро

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, вчера изјави дека новите локални избори на северот на Косово треба да се одржат што е можно поскоро и позитивно го оцени собирањето потписи од српските граѓани за разрешување на актуелните градоначалници.

„ЕУ позитивно забележува дека процесот започна откако косовските Срби собраа потписи за започнување на процесот за разрешување на претседателот, во согласност со Управната инструкција. ЕУ ги повикува косовските власти да обезбедат непречено продолжување на процесот“, рече Стано, пренесе Епока е Ре.

Коха: Во Звечан е отстранет билбордот со Вучиќ, Ѓоковиќ и Путин

„Во Република Косово нема место за фигури на диктатори, напаѓачи, агресори. Ние сме демократска земја, јасно дефинирана со западните вредности, затоа од денес нема да бидат дозволени симболи на диктатори или земји кои се агресивни во однос на Косово и целата негова држава во ниту еден агол“, напиша министерот за внатрешни работи Џелал Свечла на Фејсбук, пренесе Коха.

https://www.youtube.com/watch?v=_EHCeOE6ERs

Репортери: Српскиот динар ги „судри“ институциите на Косово со меѓународната заедница, се бара преиспитување на одлуката

Американскиот Стејт департмент преку портпарол ја повика Владата на Косово да ја разгледа одлуката на Централната банка за суспендирање на српскиот динар. Повикот дојде неколку дена по одлуката на Централната банка да го тргне српскиот динар од пазарот и по реакциите на Европската унија која побара за ова прашање да се разговара во Брисел, пренесува Репортери.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: „Целосно го поддржуваме СПАК“, Европската комисија жестоко и одговори на Грција за случајот Белери: Под истрага е, ова прашање му  припаѓа на правдата

Европската комисија и даде јасен одговор на официјална Атина, која неколку месеци се обидува да го блокира интеграцискиот процес на Албанија поради приведувањето на избраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери, кој е обвинет за купување гласови на локалните избори минатата година, пренесе Топ Чанел.

Панорама: Доцнењето во спроведувањето на имиграциските закони во Грција масовно ги погодува Албанците

Грчките власти го одложија за април почетокот на имплементацијата на новиот Кодекс за имиграција, за разлика од она што се очекуваше да започне на 1 јануари годинава.

Здруженијата на албанските емигранти во Грција го поврзуваат доцнењето во спроведувањето на законите за имиграција со нискиот капацитет на човечки ресурси во грчките центри за справување со барањата на емигрантите, кои продолжуваат да одговараат со значително задоцнување дури и на тековните барања за дозволи за престој, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Сури: Како да се заштитите од следниот „Мекгонигал“?

„(практични совети)

Бидете убедени дека ќе има и други!

По два Мекгонигали на ФБИ, ќе има трет, четврти и така натаму, додека не се вразумиме…“, пишува авторот Гент Стразимири во колумната „Како да се заштитите од следниот „Мекгонигал“?, објавена во Сури.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиуми. регионизбор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ