• Latest

Костовски: Дали Македонија е дел од „рускиот свет“ само затоа што Русија не си го подмирила долгот кон земјава?

January 29, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Костовски: Дали Македонија е дел од „рускиот свет“ само затоа што Русија не си го подмирила долгот кон земјава?

January 29, 2024 13:25
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“, анилитичарот и новинар Љубомир Костовски, зборува за главните пропагандни наративи во македонскиот јавен дискурс, дезинформациите и руската пропаганда.

Костовски на почеток, истакна дека клучното прашање, во контекст на актуелните теми, е што вие му нудите на гласачот на овие избори, што мислите за евроатланската концепција за нашата надворешна политика и што значи тоа кога ќе бидам избран, ќе кажам, реферирајќи на наративите на опозицијата.

„Не би купил автомобил од Мицкоски бидејќи не можам да купам нешто „на слепо“, без да ги знам сите информации за тоа возило, за да би се одлучил за тој чин. Мицкоски е познат по тоа што лесно може да ги сокрива своите вистински намери зад одредени наративи кои најчесто се и сокриено енигматични. Ние влегуваме во предизборен период и на граѓаните треба јасно да им каже дали е за евроатланскиот пат или не, и што значи тоа – кога ќе дојдам на власт тогаш ќе ви кажам, тоа е како да имаш мачка во вреќа“, вели Костовски, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил.

Тој додава дека на невидено може да се избере само на авто-пазар, но и таму граѓаните претходно се распрашуваат какво е возилото, ќе земат да го пробаат, да го возат, ќе си викнат автомеханичар да го види, меѓутоа на изборите граѓаните ја немаат таа опција, граѓаните не знаат кои се клучните опции на главниот опозиционер.

Костовски посочи дека ние сме жртва на тој руски свет, (Путин во последниот говор во Кремљ), ние лесно би се нашле во тој свет, во зависност до каде мисли дека тој свет се простира.

„Историјата не потврдува дека сме имале многу директни релации со Русија, главно оделе преку Бугарија. Но, тоа влијае на нашиот живот, на начинот на кој луѓето размислуваат, црно-бело. Црниот свет е западот, нашата иднина е приклонување кон источниот свет, односно она што значи руски свет. Тоа кај нас се доживува како нешто толку силно, толку светло, просперитетно, како тоа е нашиот „План Б“. Тој не постои. Западот го има најмалку 5 пати спасувано од глад, во невидени размери и милиони жртви од глад“, вели Костовски, зборувајќи за една од главните поенти во својата анализа:

„Русите мислат дека светот постојано нешто им должи, па треба и да ги спасува од глад, откако ќе се исцрпат во своите војни“, посветена на рускиот молк за американската хуманитарна помош во изминатите 120 години.

„Голема грешка е што тој руски наратив е влечен со години низ Македонија“, вели Костовски.

Тој вели дека Македонија и Босна и Херцеговина се единствените независни земји кон кои Русија не се раздолжила, додавајќи „извинете г-не. Лавров ние сме дел од вашиот свет затоа што сте нù должник“?

Д.М.
камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ