• Latest

Мерките што ги носи МЗШВ секогаш се во договор со земјоделците, најдобар начин за успешна владина политика без протести

February 4, 2024
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мерките што ги носи МЗШВ секогаш се во договор со земјоделците, најдобар начин за успешна владина политика без протести

February 4, 2024 19:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најдобрите решенија при стопанисувањето во било кој бизнис ги имаат тие што ги живеат проблемите и предизвиците во текот на работата. Во земјоделското производство тоа се земјоделците, оние кои секојдневно се соочуваат не само со условите за стопанисување во едно општество туку и со временските услови од кои голем дел од земјоделските гранки се директно зависни. Земјоделството е ризичен бизнис бидејќи е многу зависен од временските услови и е поранлив на природни катастрофи од другите сектори.

Имајќи ја предвид оваа констатација МЗШВ сите мерки и програми кои ги носи ги креира заедно со претставници на земјоделците. Ова е воедно и најдобрата превентива од можни незадоволства од страна на земјоделците кои со сето нивно право можат да го искажат и на улиците. За ова сме сведоци деновиве во различни европски држави каде што силните земјоделски производители, здружени и единсвени, покажуваат дека не се согласуваат со одредени мерки кои ги носат нивните држави односно Европската Унија. Особено се гласни во делот на укинувањето на субвенциите за гориво и примената на „зелените мерки“ кои ги ограничуваат нивните производства, пишува Бриф.мк.

– Воведувањето на „Зелената нафта“ кај нас беше барање на земјоделците повеќе години. Затоа и прва мерка која ја воведовме со доаѓањето на оваа Влада, беше поефтина нафта за земјоделците која првпат стартуваше во 2019 година, со поддршка од 30 проценти а која во 2022 година беше зголемена на 50 отсто, денеска таа поддршка за зелена нафта достигна до 100 отсто. Поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци. Друго нивно барање беше новиот модел на субвенционирање кој е своевидна реформа во аграрот бидејќи одговори на неколку нивни укажувања и барања особено во неправилна поделба на субвенциите и немањето контрола дали парите завршуваат кај вистинските земјоделци. Постапката ја водевме максимално транспарентно и во дирекнта консултација со земјоделците, за секоа едно прашање. Во целиот процес на подготовката беа вклучени земјоделците, земјоделските здруженија и стручната јавност, потсекторските групи и Агро Советот како највисоко советодавно тело во земјоделството. Исто така преку програмата за рурален развој овие две години обезбедивме поддршка во набавка на трактори, силоси, системи капка по капка, поддршка за руралните жени, за младите, за набавка на педигриран добиток за земјоделците, на комбајни за жито, опрема за тутун, специјализирани комбајни за ориз, мобилни сушари како и набавка на целокупна опрема и механизација за модернизирање на земјоделското производство. „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, „Бизнис план“…сите овие мерки беа барање на земјоделските производители и навистина интересот за нив беше огромен – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Земјоделското производство мора да се следи, прогнозира и делува навреме. Тоа е најдобриот начин да нема незадоволство кај земјоделските производители кое со право можат да го манифестираат со блокади и протести. Последниве години сведоци сме дека се помалку имаме изливи на незадоволство од страна на земјоделците, што секако е добар показател за одличната соработка меѓу нив и институциите. Здружувањето на земјоделците и нивни посветени претстедатели на здруженија се најдобриот одговор на сите нивни барања, имајќи ја предвид реалната состојба во државата и висината на поддршката која се одвојува од буџетот за земјоделското производство. Тоа значително и олеснува на една Влада кога карши неа има сериозен партнер за преговори и договори околу политиката за овој значаен сектор. Целта им е заедничка – зголемено домашно производство на храна и задоволни земјоделци.

Tags: блокадиекономијазелена нафтаземјоделцимеркиПротестисубвенции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ