• Latest

Грковска: Сега имаме можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија

February 15, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грковска: Сега имаме можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија

February 15, 2024 12:06
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката Славица Грковска, задолжена за добро владеење, испрати отворено писмо и се обрати до сите учесници во изборите.

„Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности. Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес.

Нашата генерација не смее да си дозволи репризи на сцени од не толку далечното минато, случаи на заплашувања и злоупотреби, на компромитирани изборни процеси кои ја уназадуваа државата. Наша споделена должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право. Институциите се први на линијата на одговорност, но удел во целата слика има секој од нас.

Без оглед на нашите политички афилијации или припадност, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество. Тоа значи, не само да се придржуваме до одредбите во изборниот и другите закони, туку да поставуваме повисоки етички стандарди пред себе. И така директно придонесуваме државата да оди напред. Секој со својот пример, секој со својот дел од одговорноста, а за сечие добро.

Во овие времиња полни со предизвици, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации. Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации. Подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава.

Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава“, пишува Грковска во отвореното писмо до сите учесници во изборите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грковскаизбори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result