• Latest

Албански медиуми: Свечено отворена нова база на НАТО во Албанија; Бериша бара да му се укине притворот; Русија не сака крај на дијалогот помеѓу Србија и Косово

March 4, 2024
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Свечено отворена нова база на НАТО во Албанија; Бериша бара да му се укине притворот; Русија не сака крај на дијалогот помеѓу Србија и Косово

March 4, 2024 11:40
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија ( Кучове) денеска свечено ќе се отвори воената база на НАТО  со модерна инфраструктура за воените авиони на Алијансата, додека пред неколку дена беа склопени 3-те вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, купени во Турција, пренесуваат албанските медиуми.

Русија не сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да заврши успешно според проектите на Западот, се вели во извештајот објавен на 1 март во Приштина на Косовскиот институт за истражување и развој на политики (КИПРЕД), пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски из бор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

НОА: Отворена воздушната база на НАТО во Кучове

Денеска свечено ќе биде отворена воената база на НАТО во Кучове со модерна инфраструктура за воените авиони на Алијансата, додека пред неколку дена беа склопени 3-те вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, купени во Турција.

Програмата за инаугурација на базата е раздвижена, а на церемонијата на пречек ќе учествуваат највисоките шефови на албанската држава, како и претставници на НАТО алијансата.

За време на церемонијата ќе има и воздушен спектакл на летање на авиони.

Реконструкцијата на воздухопловната база Кучове започна во јануари 2022 година. Поранешната база од времето на комунизмот, изградена со доброволна работа во 1952 година, за да му служи на Варшавскиот пакт, седум децении подоцна ќе служи за операциите на Атлантската алијанса, пренесе НОА.

Лапси: Се бара укинување на мерката „куќен притвор“, денеска седница во ЃККО за поранешниот премиер Сали Бериша

Во Специјалниот суд денеска ќе се одржи рочиште за поранешниот премиер Сали Бериша, кој побара укинување на мерката „куќен притвор“ што му е изречена од 30 декември 2023 година. се очекува да започне во 11:00 часот.

Во меѓувреме, во вторник во 10.50 часот ќе се суди барањето на Бериша за укинување на мерките „должност за јавување“ и „забрана за заминување во странство“, пренесе Лапси.

КОСОВО

КОХА – КИПРЕД: Русија не сака крај на дијалогот Косово-Србија според проектите на Западот

Русија не сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да заврши успешно според проектите на Западот, се вели во извештајот објавен на 1 март во Приштина на Косовскиот институт за истражување и развој на политики (КИПРЕД).

Успешното завршување на дијалогот, кој е под посредство на Европската унија и поддржан од Соединетите Држави, ќе го докаже намаленото влијание на Русија во светските работи, се вели во извештајот.

Дијалогот меѓу Косово и Србија, поддржан од ЕУ, започна уште во 2011 година. Целта е нормализирање на односите меѓу двете земји. Косово ја прогласи својата независност во 2008 година и е признаено од 117 земји, но Србија продолжува да го смета за нејзин дел. Според извештајот на КИПРЕД, успешното завршување на овој дијалог би довело до консолидација на државата и државјанството на Косово и регионалната безбедност , додека затворањето на проблемите со Косово би ја поттикнало Србија да се ориентира кон Запад, пренесува Коха.

Епока е Ре: Во Приштина денеска се одржува Конференцијата за сајбер безбедност и приватност

Денеска ќе се одржи 8-то издание на Конференцијата за сајбер безбедност и приватност „Cyber ​​ZERO“.

На отворањето учествуваат министерот за внатрешни работи Џелал Свечла, поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и портпаролката на американската амбасада во Приштина, Кетрин Џад, пренесе Епока е Ре.

КОЛУМНА

Коха Диторе: Подемот на екстремните партии во ЕУ е претеран страв

„Растот на популистичките и екстремистичките партии во ЕУ во пресрет на европските избори не е проблем. Најголем проблем е отстапувањето на традиционалните, левичарски и десничарски и либерални партии од вредностите на кои до сега се залагаа.

Најголема опасност е откажувањето од принципите на централните партии. Што се однесува до Европскиот парламент, дури и во идниот состав ќе има доволно мнозинство за главните традиционални, проевропски партии. И ќе остане поддршка за проширувањето на ЕУ, за Западен Балкан и за Косово исто така..“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Подемот на екстремните партии во ЕУ е претеран страв“, објавена во Коха Диторе.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ