• Latest
Фото: Влада

Грковска: Не смееме да отстапиме пред ретроградните сили во заштитата на правата и борбата за поправедни општества

March 6, 2024
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Не смееме да отстапиме пред ретроградните сили во заштитата на правата и борбата за поправедни општества

March 6, 2024 17:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Иако Европската Унија ги споделува вредностите за промоција и заштита на човековите права, со посебен фокус на правата на жените и натаму мораме да бидеме свесни дека работата по овие прашања не е завршена и борбата мора да продолжи, изјави денеска во Брисел вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска во обраќањето на форумот на високо ниво „Жените во јавниот живот“.

– Позитивните културни промени се далеку побавни од оние во законодавството и демократските процеси. Затоа е сосема јасно дека не смееме да отстапиме кога се во прашање заштитата на правата и борбата за пофер и поправедни општества. Тоа значи елиминација на насилството врз жените, пристап до образование и работа и еднаков третман од системот и општеството, но исто така и застапеност во раководењето, претставувањето и носењето одлуки, потенцира Грковска.

Според неа, еднаш остварената победа не значи дека е трајна и дека со тоа се поразени силите на регресот и антидемократските тенденции кои се непријателски настроени кон принципите на еднаквост и човекови права и кои се возобновуваат на вознемирувачки начин.

– Затоа мора постојано да го имаме фокусот на овие теми и да сториме се што е во наша моќ да обезбедиме поправеден свет за жените, истакна Грковска, потсетувајќи дека поминаа децении откако некогашната прва дама на САД, Еленор Рузвелт успеа „да ги убеди мажите околу неа“ да ја прифатат Универзалната декларација за човекови права, која го промовираше концептот на еднаквост и достоинство на сите луѓе.

Грковска нагласи дека и денес жените вклучени во јавниот живот се соочуваат со стереотипи и предрасуди базирани на полот.

– Што е тоа што ги истиснува жените од политиката и јавниот живот во целина? Зошто жените кои се активни во борбата против корупцијата и организираниот криминал, прегоруваат или се повлекуваат многу често? Тоа се прашања кои ми си појавија уште од почетокот на идејата за Форумот на жени лидери за добро владеење и борба против корупцијата во Југоисточна Европа воспоставен минатиот март во Скопје, рече Грковска.

Според неа, идејата на Форумот била жените кои работат во политиката, обвинителството, правосудството и новинарството од регионот да си пружат меѓусебна поддршка и при тоа на виделина излегле сите пречки и притисоци со кои тие се соочуваат и кои се многу поголеми од оние на кои се изложени нивните машки колеги.

Грковска потенцира дека покрај пречките од лична и професионална природа, многу од овие жени биле изложени на притисоци како во реалниот живот, така и во онлајн просторот, при што главен мотив за тоа била нивната борба против корупцијата и обидите да се изолираат и да се испратат во заборав само затоа што се дрзнале да го нарушат комфорот на оние кои ги „заробуваат нашите општества заради лични интереси“.

– Во многу места од светот, а и во регионот од каде што јас доаѓам, многу ограничувачки фактор за жените е силното присуство на традиционалното сфаќање за нивната улога. Кога станува збор за жените многу лесно може да се урне нивната репутација и професионален кредибилитет, рече Грковска.

Таа нагласи дека во однос на правната рамка за правата на жените, Северна Македонија има постигнато голем напредок и е целосно усогласена со законодавството за женски политики на ЕУ, со што во тие постигнувања е понапред дури и од некои членки на Унијата.

– Но, морам да напоменам дека не така одамна во мојата земја бевме сведоци на назадување за овие теми, дури и за права кои беа остварени во полза на жените пред многу децении. Тоа јасни покажа, дека клучот е во отпорноста и посветеноста за заштита на она што е постигнато, но и постојан напредок кон целосна и ефикасна еднаквоста на сите нивоа, рече Грковска, додавајќи дека токму ЕУ игра важна улога за промоција човековите права во земјите кандидати за членство во Унијата.

Таа нагласи дека справувањето со пречките со кои се соочуваат жените насекаде низ светот преставува голем предизвик, па затоа мораме да се бориме за сите жени, а особено за оние чии гласови не можат да бидат слушнати.

– Независно која е нашата улога во јавниот живот, таа мора да ја вклучува и одбраната од сите форми на дискриминација и од сите предрасуди поврзани со жените, бидејќи ако сакаме напредок мора да се издигнеме над стереотипите во нашите општества, додаде Грковска.

Таа истакна дека сака да апелира до сите носители на одлуки во ЕУ, до сите оние, како што рече, храбри жени и мажи кои се посветени на европската идеја, да продолжат со заштита на демократските вредности насекаде, бидејќи тоа е единствен начин за заштита на сите граѓани.

– Имајте на ум дека кризата на демократијата, исто така е и криза на правата на жените. Не смееме да дозволиме ретроградните антидемократски сили да предизвикаат враќање назад, ниту во ЕУ, ниту во земјите кои се уште се во чекалницата. Отпорноста е важна на сите нивоа, но таа е круцијална на нивото на кое се носат одлуки, заклучи Грковска.

Во воденото излагање на форумот, потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера  Јоурова истакна дека токму идејата за организирање на овој собир потекнал од вицепремиерката Грковска.

Собирот има за цел да ја истакне важноста на родовата еднаквост во донесувањето одлуки, како и да ги идентификува предизвиците на политичкото учество на жените, особено во контекст на претстојните европски избори и да излезе со конкретни решенија за поддршка на жените на јавни функции, вклучително и преку ангажман на медиумските платформи, во регулаторните тела и во политичките партии.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Жените во јавниот живот“Грковска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ