• Latest

24 ЧАСА: 8 Март – борбата за женските права продолжува; децата гледаат од возрасните кои користат насилна комуникација; забрана за невакцинирани деца во градинките од понеделник

March 8, 2024
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: 8 Март – борбата за женските права продолжува; децата гледаат од возрасните кои користат насилна комуникација; забрана за невакцинирани деца во градинките од понеделник

March 8, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ повикува на протести по повод Меѓународниот ден на жената со барање за целосна еднаквост

Во светлo на упорните борби на жената, овој ден треба да се смета како повод за протести кои се залагаат за еднаквост и праведност на жените, особено во свет кој останува претежно патријахален…

Гласот на жените има моќ да поттикне промени

Секој 8 март, Меѓународниот ден на жената, жените ги преплавуваат улиците во земјите низ светот за да ги одбележат тешко извојуваните победи за правата на жените и да се борат за повеќе. Време е да го славиме напредокот додека ги споделуваме нашите фрустрации за премногу бавниот напредок или дури и за назадување…

Весна Ивановиќ-Кастаред раководителката на UN Women во Македонија: Жените не се рамноправни на пазарот на трудот

Зајакнувањето на жените во сите сфери на животот е од клучно значење за креирање на позитивни промени во различни области во општеството, како и надминување на економската нестабилност, или пак придонес со родова перспектива за надминување на различните негативни влијанија од климатските промени…

Ќе победиме кога нема да мора да пишуваме „женски“ за да не читаат

И на самиот почеток на емисијата, како што е ред, Денис во етерот честита 8 – ми март на женскиот аудиториум, и потоа најавува дека ќе разговараме за филм. Некако веднаш почувствував мала победа дека денеска сум тука да зборувам за некоја друга тема а не за женските права…

Француската Република го вклучи правото на абортус во Уставот на земјата

За време на церемонијата што се одржа на плоштадот Вендом, денеска, на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, беше ставен печатот на Француската Република на амандманот кој го вклучи правото на абортус во Уставот на земјата…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Караев за ЦИВИЛ МЕДИА: Децата го прават тоа што го гледаат од возрасните со титули м-р, д-р и авторитетите во Собрание кои користат насилна комуникација

Децата го гледаат тоа што ние го правиме, ние возрасните. Да вклучат било кој канал особено во предизборна кампања може да видат луѓе со титули м-р или д-р кои употребуваат насилна комуникација. Тие може да го вклучат собранискиот канал каде што можат да видат авторитети кои користат насилна комуникација, а тие се нивни модели. Јас не го вперувам прстот во децата бидејќи тие имаат одговорност во зависност од нивната возраст, меѓутоа дефинитивно имаат недостаток на позитивни модели со кои би се идентификувале на поинаков начин, вели Владимир Караев, претседател на здружението на граѓани РУБИКОН, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на тема врсничкото насилство и како да се справиме со тоа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАБРАНА ЗА НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска ја доби одлуката од министерот за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП,…

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Еден од новитетите во Предлог измените и дополнувањата на Изборниот законик, за кој пратенците гласаа по скратена постапка е Центар за континуирана едукација за избори

 ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.

СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари, ќе трае до денеска на полноќ…

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО Во изминатиот месец имаме неколку случаи на врсничко насилство, кое за жал, еден случај заврши и со убиство во Прилеп, во два различни инциденти меѓу малолетници во Скопје имаше обиди…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

САД, заедно со сојузниците и партнерите, нема да потклекнат пред руската агресија и амбициите на диктаторот Путин од Кремљ, кој се обидува да заземе територии на соседните земји и…

На 17 март режимот на Путин ќе одржи таканаречени „претседателски избори“ и ќе ги охрабри украинските граѓани на привремено окупираните територии (ПОТ) да учествуваат во оваа фарса. Според Центарот за…

Грчкиот весник „Прототема“ објави дека Русите се обиделе да ја погоди колоната на Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со делегација од Грција, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис…

КОНФЛИКТИ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и покрај зголемените меѓународни критики, синоќа изјави дека ќе го нападне градот Рафах, каде што се засолнети околу 1.5 милиони палестински цивили.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелската армија убила речиси 9.000 Палестинки во текот на својата разорна офанзива врз енклавата, пренесува Агенцијата…

Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, изјави дека воведувањето ембарго за оружјето и економски санкции против Израел се единствен начин да се спречи геноцидот што се…

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Поминаа  26 години од масакрот во Преказ . Но, за настанот кој го смени текот на историјата на Косово, се уште нема обвинение, иако од Специјалното обвинителство беше кажано дека почнало истраги уште во 2019 година, пренесува „Заклетва на правдата“, пишуваат косовските медиуми.

Претстојните избори во северниот дел на Косово со мнозинство српско население претставуваат можност за силите на НАТО (КФОР) да го имплементираат постојниот мандат, заштитувајќи го интегритетот на изборите преку помагање на косовската полиција во обезбедувањето безбедност, особено имајќи го предвид ризикот од избувнување на насилство по неодамнешните тензии.

СЛОБОДНА ЗОНА

Со непроизнесување на конкретни ставови и немање  јасна и недвосмислена, конзистентна осуда на руските акти на терор врз цивилното население во Украина, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кокетира и со голем дел од нивните членови, поддржувачи и симпатизери кои имаат исклучиво, и би рекле екстремно проруски убедувања, за што на социјалните мрежи пишува активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јовановски, кој открива дека на сите веќе им е јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е про-руски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи, и за што Јовановски понатаму истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт про-руската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата, пишува Драган Мишев во колумната „Ти за кого си, за Американците или за Русите?“

Политички и општествени лидери и носители на одлуки, креатори на политики и практики, политичари и газди, па и интелектуалци и опинион мејкери – кога сакаат да се додворат на јавноста или на женското гласачко тело, а секако и да си го подобрат рејтингот меѓу два изборни процеси – ја нарекуваат жената СТОЛБ. Па потоа се раслојуваат во: СТОЛБ на семејството, СТОЛБ на општеството, СТОЛБ на родителската грижа, СТОЛБ на (некои) промени… Понатаму, тие се и УКРАС! Да, некои политичари и јавни личности редовно ја истакнуваат УКРАСНАТА УЛОГА НА ЖЕНАТА, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „8 Март: Жената е украс!?“

Подготви: Д. Мишев

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Вестиизјавиконфликтислободна зонатеми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ