• Latest
Меѓународен ден на жената - Газа (АА)

Меѓународен ден на жената во Газа – Досега се убиени 9.000 жени од страна на израелската армија

March 8, 2024
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Меѓународен ден на жената во Газа – Досега се убиени 9.000 жени од страна на израелската армија

March 8, 2024 14:11
in КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Меѓународен ден на жената - Газа (АА)

Меѓународен ден на жената - Газа (АА)

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелската армија убила речиси 9.000 Палестинки во текот на својата разорна офанзива врз енклавата, пренесува Агенцијата Анадолу.

„Молкот на меѓународната заедница придонесе за геноцид врз палестинските жени“, рече портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.

Тој додаде дека „60.000 бремени жени во Газа страдаат од неисхранетост, дехидрација и недостиг на соодветна здравствена заштита“.

Ал-Кудра истакна дека палестинските жени, особено во Газа, ја доживуваат најтешката хуманитарна катастрофа „од убивање, раселување, апсење, спонтан абортус, епидемии и смрт од глад како резултат на израелската агресија“.

Тој ги повика Обединетите нации да работат на „итно запирање на израелската агресија и геноцид“, а исто така ги повика „меѓународните женски организации да ги мобилизираат напорите за ставање крај на израелската агресија“ врз Газа.

Светот го прославува 8 Март – Меѓународниот ден на жената со тема „Инвестирајте во жените: забрзајте го напредокот“.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив рече дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади во Газа загинати се над 30 илјади Палестинци, а над 72.000 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди на внатрешно раселување 85 проценти од населението на Газа, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 проценти од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел пред Меѓународниот суд на правдата е обвинет за геноцид. Со привремената пресуда донесена во јануари, на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да обезбеди давање хуманитарна помош на цивилите во Појасот Газа.

Х.С. (АА)

Tags: Газаизраелска армијаМеѓународен ден на женатаубиени жени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ