• Latest
Љубомир Костовски

АНКЕТИТЕ на нашите ТВ екрани: Перфидни форми на силување на сликата за стварноста

March 13, 2024

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

АНКЕТИТЕ на нашите ТВ екрани: Перфидни форми на силување на сликата за стварноста

March 13, 2024 18:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Љубомир Костовски
Share on FacebookShare on Twitter

„Утринскиот политички сегмент во најраните часови на националната телевизија умее перфидно да ја искористи вашата недоволна расонетост да ви влезе под кожа место кафе или чај во желудникот и да постигне „задоволителни поени“ кај шефовите.

Оние, надвор од зградата наречена Стојанка. Во анкета, емитувана околу седум часот наутро на 28 февруари, како и поголем број од она што како таков жанр едноставно не е најавена соодветно, не се слуша прашањето од новинарот, што е елементарно правило, а од одговорите на прашаните треба да заклучиме дека не била само дилемата – каков претседател треба да имаме, туку имало и сугестија – од кој пол треба да биде!“, пишува специјално за ЦИВИЛ МЕДИА, новинарот и аналитичар Љумомир Костовски во колумната „БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?“.

Како што анализира Костовски, за анкетите кај нас веќе веќе сè е познато и претставуваат перфидни форми на силување на сликата за стварноста на нашите ТВ екрани и додава личен пример.

-Сум искусил една таква утринска анкета на МТВ за цените, на артиклите некаде во септември, каде што бевме влезени само тројца, а само јас бев со кесите во рака, додека другите (две анкетирани жени) според местото каде што беа сопрени, а поминуваа на пристојно растојание од маркетот и барем едната од нив е политички силно ангажирана, можете да претпоставите во која партија. Мојот одговор беше скратен, исечена суштината, а задржано парче од реченица што на анкетарката ѝ одговарало.

Но за анкетите веќе сè е познато. Тие се перфидни форми на силување на сликата за стварноста на нашите ТВ екрани. Во случајот, тоа е прогласување на отворена и пристрасна битка за претседателската вила на Водно, онака без фанфари, „за Власите да не се досетат.“

Впрочем, ние имаме една нескротена, постојана, жестока кампања која е емитувана од Палатата Татарчев постојано и без усул. Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, треба во сите вести, од утрото да биде прв со комплетно аудиовизуелно претставување. Како за добро утро. Може и вчерашна вест. По било кој повод. Потоа можат да следат другите од јавните личности, по можност само со фотографија, но никако да не се претставуваат оние кои се рамни на него по функцијата или, не дај боже, да се потенцијален конкурент на нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска.


 

БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

 

Tags: анкетиЉубомир Костовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ