• Latest
Фото: Х

Фон дер Лајен: Треба да го поддржиме патот на Западниот Балкан кон ЕУ на секој можен начин

March 12, 2024

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен: Треба да го поддржиме патот на Западниот Балкан кон ЕУ на секој можен начин

March 12, 2024 13:54
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе години ја сменивме брзината во нашиот пристап кон Западен Балкан, но сфативме дека не е доволно само да чекаме регионот да ни се приближи, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур посветена на подготовката за Самитот на Унијата закажан за 21 и 22 март.

– Не е доволно само да се каже дека вратата е отворена. Ние, исто така, мора да преземеме одговорност и да го поддржиме нивниот пат кон нашата Унија на секој можен начин. Ова е причината зошто го создадовме нашиот План за раст за Западен Балкан. Затоа ги отворивме пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија и затоа се обврзавме да го сториме истото со Босна и Херцеговина, рече Фон дер Лајен.

Таа најави дека Европската комисија ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ да ги започне преговорите со Босна и Херцеговина, која како што рече, откако го доби кандидатскиот статус, постигнала импресивни чекори постигнувајќи поголем напредок за нешто над една година, отколку за повеќе од една деценија.

Според неа, БиХ целосно се усогласила со надворешна и безбедносната политика на ЕУ, усвоила неколку клучни закони, го подобрила управувањето со миграциските текови, се согласила во домашната кривична евиденција да ги вклучи пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и профункционирал новиот Управен комитет за градење мир.

– Се разбира, неопходен е поголем напредок за влез во нашата Унија. Но, земјата покажува дека може да ги исполни критериумите за членство и стремежот на граѓаните да бидат дел од нашето семејство. Ова е причината зошто денеска ќе одлучиме да му препорачаме на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Пораката што доаѓа од Босна и Херцеговина е јасна. Но, и нашата порака мора да биде јасна. Иднината на Босна и Херцеговина е во нашата Унија, истакна Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на состојбите на Блискиот Исток, како втора тема покрај проширувањето, која ќе биде во фокусот на претстојниот Самит на ЕУ, нагласувајќи дека состојбата на теренот во Газа е подраматична од кога и да било досега, достигнувајќи крајна точка, кога деца кои умираат од глад и затоа Унијата мора да направи се што е во нејзина моќ да го спречи тоа.

– Додека зборуваме, брод плови од Кипар до Северна Газа. Го носи најосновниот вид хуманитарна помош, која е и најпотребна денес: храна, обична и едноставна храна за населението кое се соочува со хуманитарна катастрофа. Овој поморски коридор е резултат на невидена меѓународна соработка, под водство на (кипарскиот) претседател Никос Христодулидес. Работевме заедно не само со Кипар, туку и со Обединетите Арапски Емирати, САД и Обединетото Кралство, рече Фон дер Лајен.

Според неа, кога ќе стане целосно оперативен, овој поморски коридор ќе може да гарантира одржлив, регулиран и силен проток на помош за Газа.

– Секој знае колку е тешко да се достави помош во Газа. Сите рути треба да се користат за да се допре до луѓето на кои им е потребна… Европската Унија ќе ја засили логистичката поддршка на терен и ќе го финансира и координира протокот на европски стоки низ овој коридор, додаде претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен најави и дека Европската комисија денеска го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за зајакнување на поддршката за Палестинците, потсетувајќи дека годинава за нив од фондовите на ЕУ се одвоени 250 милиони евра помош.

– Но, помошта мора да стигне до цивилите на кои им е потребна, а испораката на терен се покажува особено предизвикувачка… Мора да обезбедиме безбедност на дистрибуцијата на помош во Газа. Ова го прави уште поважно да се работи со оние агенции кои се уште имаат присуство на теренот, додаде Фон дер Лајен.

Од тие причини, според неа, и покрај сериозните обвинувања на сметка на персоналот на УНРВА за учество во нападите на Хамас врз Израел, ЕК решила да ги процениме своите одлуки за финансирање откако ОН спроведоа внатрешна истрага и создадоа независна контролна група, а Агенцијата се согласи на ревизија од надворешни експерти назначени од Европската Унија.

– Како резултат на тоа, ќе продолжиме со исплата на 50 милиони евра за поддршка на УНРВА. Следните транши ќе бидат пуштени веднаш штом Агенцијата ќе ги преземе другите чекори што ги договоривме заедно, рече Фон дер Лајен.

Таа повтори дека Израел има право да се брани и да се бори против Хамас, но заштитата на цивилите мора да се обезбеди во секое време во согласност со меѓународното право.

– Во моментов постои само еден начин да се врати соодветен проток на хуманитарна помош. На народот во Газа му е потребна итна хуманитарна пауза, што ќе доведе до одржлив прекин на огнот. И им треба веднаш, истакна претседателката на ЕК.

Според неа, ризикот од понатамошна ескалација на состојбата во регионот е реален, во услови на тензии на границата на Израел со Либан и со поддршката на терористите Хути во Јемен од страна на покровителот на Хамас – Иран.

– Како што знаеме тие (Иранците) продолжуваат да ја поттикнуваат руската војна против Украина. Да додадам дека сме подготвени да одговориме со дополнителни санкции, во случај Иран да и обезбеди балистички ракети на Русија, како што неодамна беше најавено. Без одржлив прекин на огнот, заразата од војната во Газа би можела да се прошири низ целиот регион. Ова е време двојно да ги зголемиме нашите напори, заедно со земјите членки, за да можат заложниците да се вратат дома и народот во Газа да може да добие не само хуманитарна помош, туку и зрак надеж кон решение со две држави, заклучи Фон дер Лајен.

Tags: ЕКЕУЗападен Балканинтеграции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ