• Latest

Бербок ја посети границата на Газа и се увери во потешкотиите за достава на хуманитарна помош

March 26, 2024
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бербок ја посети границата на Газа и се увери во потешкотиите за достава на хуманитарна помош

March 26, 2024 21:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок лично ја провери ситуацијата на граничниот премин Керем Шалом во јужен Израел во услови на ниско ниво на помош што стигнува до цивилното население во Појасот Газа.

Бербок беше информирана од директорот на објектот за процесот со кој камионите натоварени со помош, вклучително и храна и лекови, се обработуваат во огромната област за регистрација, која е опкружена со високи бетонски ѕидови.

Хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална и Палестинците во блокираната крајбрежна зона се соочуваат со недостиг од основни потреби како храна, вода и лекови. ОН предупредија на непосредна закана од глад и дека околу 1,1 милион луѓе во густо населениот Појас Газа се во очајна ситуација.

Граничниот премин „Керем Шалом“ се наоѓа во непосредна близина на египетската граница. Тој беше затворен по терористичкиот напад на палестинската екстремистичка организација „Хамас“ во Израел на 7 октомври, а повторно беше отворен за испорака на хуманитарна помош на 17 декември, потсетува ДПА.

Поради протестите на семејствата на жртвите и радикалните еврејски доселеници кои сакаат да спречат испорака на помош, областа околу границата беше прогласена за забранета воена зона кон крајот на јануари.

Секој ден се обработуваат во просек по 120 камиони со помош. Пред 7 октомври, околу 500 камиони дневно стигнуваа до Појасот Газа, а повеќе од 300 од нив минуваа низ Керем Шалом,пренесува МИА.

Камионите превезуваат помош од Светската програма за храна, Светската здравствена организација и организацијата за помош на децата Save the Children.

Бербок и нејзината делегација се првите странски гости на министерско ниво  од 7 октомври кои од израелските власти добија пристап до Керен Шалом.

Tags: БербокИзраел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ