• Latest
Фото: МИА архива

Привршуваат промоциите на кандидатските листи за пратеници, на 2 април истекува рокот за нивно поднесување до ДИК

April 1, 2024

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Привршуваат промоциите на кандидатските листи за пратеници, на 2 април истекува рокот за нивно поднесување до ДИК

April 1, 2024 07:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Финишира процесот за промоција на кандидатските листи за пратеници од страна на  учесниците на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Согласно роковникот за подготовка на изборите, на 2 април на полноќ истекува рокот за нивно поднесување до Државната изборна комисија.

Изминатиот викенд промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и Коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата  „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина вчера во Скопје ја промовираа „Програмата за европска иднина“ и носителите на листи и кандидатите за пратеници со кои ќе настапат на претстојните парламентарни избори. Во Првата изборна единица носител на листата е претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, а како коносител ќе биде претседателката на коалицискиот партнер ЛДП, Моника Зајкова. Во Втората изборна единица ќе бидат Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, додека во Третата изборна единица предводници ќе бидат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски. Носител во Четвртата изборна единица ќе биде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче со Јована Тренчевска. Во Петтата изборна единица предводници на пратеничките листи се Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојческа, а во Шестата изборна единица Славјанка Петровска и Агрон Демири.

Лидерот на СДСМ во обраќањето нагласи дека нивните ветувања се амбициозни, но реални и остварливи, затоа што, како што рече, се посветени на европскиот пат.

– Знаеме дека со напорна работа, нема недостижна цел. Ние нема да се откажеме од подобра, европска иднина за земјата. Нема откажување од иднината, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека можностите за економски развој и за подобар животен стандард ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ. Потенцира дека економската програма на СДСМ предвидува подобар живот за сите и доближување на животниот стандард до европскиот.

Во Тетово вчера и Генералниот совет на Демократската унија за интеграција ги утврди носителите на листи за пратеници со кои ќе настапи на претстојните парламентарни избори. Во Првата изборна единица носител на листата ќе биде Блерим Беџети, во Втората – Садула Дураку, во Третата – Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, во Четвртата – Енвер Хусеин од Демократската Партија на Турците на Македонија, во Петтата – Зијадин Села и во Шестата изборна единица носител на листата ќе биде претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Këshilli i Përgjithshëm i Bashkimit Demokratik për Integrim sot në Tetovë i konfirmoi bartësit e listave për deputetë me të cilat do të dalë në zgjedhjet e ardhshme parlamentare të caktuara p

Кандидатските лист за пратеници вчера ги промовираше и ЗНАМ – За наша Македонија. Портпаролот на партијата Никола Мемов на прес-конференција соопшти дека Извршниот и Централниот одбор на партијата со акламација ги утврдиле кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици и посочи дека предлог кандидатите за пратеници на Движењето ЗНАМ се луѓе кои се нови во политиката и стручни во областите во кои работат.

Изборната единица еден ќе ја предводи Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во Втората Дамјан Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово, во третата Павле Арсовски, генерал мајор во пензија, во ИЕ4 Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, во „петката“ Весна Бендевска и во ИЕ6 е Небојша Захариевски, магистер по правни науки.

Partia politike Lëvizja ZNAM  -  Për Maqedoninë tonë, sot i prezantoi kandidatët për deputetë për zgjedhjet e ardhshme parlamentare.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „Твоја Македонија“ на конвенција во саботата ги промовираше своите кандидати за пратеници и носителите на кандидатските листи. Во Првата изборна единица носител на листата е лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората – Владо Мисајловски, во Третата – Драган Ковачки, во Четвртата – Александар Николовски, во Петата – Ѓоргија Сајкоски и во Шестата – Дафина Стојановска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека настапуваат со чесни и искрени луѓе со интегритет во кои, како што посочи, силно верува. Упати порака и до кандидатите за пратеници дека одговорноста е огромна и дека лично него ќе го имаат за противник доколку направат чекор со кој ќе нанесат штета и болка на било кого.  Истакна дека овие избори ќе бидат историски важни и клучни не само за да се поправат работите, туку, како што рече, и затоа што се шанса да се испрати порака на оние кои со децении ја ограбуваат земјата.

Посочи дека програмата „Платформа 1198“ содржи 1198 проекти со кои ќе се решат проблемите на граѓаните. Оваа програма, рече, е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование и модерен здравствен систем. Меѓу другото најави завршување на автопатот Кичево-Охрид, реконструкција на железничкиот коридор 10, набавка на возови, како и формирање на посебен фонд за врвна наука.

VMRO-DPMNE and the coalition

Се очекува уште Коалицијата „Вреди“ на албанските опозициски партии да ги соопшти официјално носителите и кандидатските листи за претстојните избори. Засега, како што потврди претседателот на АА, Арбен Таравари, познати се носителот во Првата изборна единица Изет Меџити, во ИЕ2 Африм Гаши и во ИЕ6 Биљал Касами.

Минатата недела листите со кандидати за пратеници ги презентираа коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ и Левица.

Носителите на листите на Коалицијата „Храбро за Македонија“ се Добрила Андоновска од ГРОМ во Првата изборна единица, Љупчо Ристовски во двојката, Јордан Николов во тројката, во Четвртата изборна единица Ружица Николова, во Петтата изборна единица лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимоски и во Шестата изборна единица Зоран Софрески. Лидерот на ГРОМ пак Стевчо Јакимовски е претседателски кандидат.

Носители на кандидатските листи на Левица се: во ИЕ 1 лидерот Димитар Апасиев, во Двојката Амар Мециновиќ, во Тројката Борислав Крмов, во ИЕ4 Сашко Јанчев советник на Левица во Општина Гевгелија, во Петката Јована Мојсоска генерален секретар на Левица и во ИЕ 6 – Игор Димески советник на Левица во Општина Центар.

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, веќе се искристализирани пет коалиции и две партии кои ќе одат самостојно. Тоа се „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалицијата „ВРЕДИ“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ