• Latest
Фото: Wikimedia commons

Механизмот за реформи и раст на Западен Балкан главна тема на денешното заседание на Корепер

April 8, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Механизмот за реформи и раст на Западен Балкан главна тема на денешното заседание на Корепер

April 8, 2024 08:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, во прво читање, е главна тема на денешното заседание на Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер).

Регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на денешната седница на Корепер, откако во четвртокот белгиското претседателство со Советот на ЕУ и претставници на Европарламентот во рамки на процесот на „тријалог“ постигнаа политички договор за содржината на законскиот текст.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Механизмот за реформи и раст е финансиски инструменти за имплементација на Планот за раст на Западниот Балкан, кој Европската комисија го претстави лани во ноември, како нова алатка за забрзување на подготовките на земјите од регионот за членство во ЕУ, со можност за користење на некои од неговите придобивки за граѓаните и бизнисите уште пред зачленувањето. Тоа би требало значително да ги забрза процесот на проширување на ЕУ и растот на економиите на земјите од регионот.

Во рамки на Механизмот за периодот од 2024 до 2027 година за земјите од Западниот Балкан ќе бидат одвоени шест милијарди евра, од кои две милијарди евра неповратни грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Од вкупната сума најмалку 800 милиони евра ќе бидат предвидени за Северна Македонија.

За финансирање на позајмиците ЕУ ќе обезбеди средства од финансискиот пазар, а за неповратната поддршка веќе е обезбедена сумата со последната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година.

Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан.
Механизмот треба да им обезбеди поддршка на земјите до регионот во спроведувањето на реформите поврзани со приближувањето кон Унијата и да го стимулира нивното економско поврзување со блокот, врз основа на амбициозни реформски агенди. Механизмот, исто така, има за цел да промовира усогласување на овие земји со вредностите, законодавството, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ, со цел нивно подготвување за идно членство во Унијата.

Финансиската помош е условена со спроведување на социо-економски и фундаментални реформи дефинирани во амбициозните реформски агенди што самите ги подготвуваат земјите од Западен Балкан и ги доставуваат на одобрување до ЕУ.

Најмалку половина од целокупниот пакет помош ќе биде распределен преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) за поддршка на инвестиции во транспортната инфраструктура, енергетскиот сектор и за зелената и дигиталната транзиција, а останатиот дел ќе биде наменет како директна поддршка за националните буџети на земјите од регионот.

Средствата ќе бидат исплаќани двапати годишно, врз основа на барањата на земјите од Западниот Балкан и по одобрение од Комисијата, а за некои прашања и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), доколку бидат исполнети сите релевантни услови. Станува збор за услови поврзани со квалитативните и квантитативните оценки за постигнатиот напредок и резултати во имплементацијата на реформските агенди, како и општите услови поврзани со макрофинансиската стабилност, управувањето со јавните финансии, транспарентноста и контролата над буџетот.

Доколку некои услови не се исполнети, Комисијата може делумно или целосно да ја прекине исплатата. По ваквата суспензија и во случај партнерите од Западен Балкан да не ги исполнат поврзаните услови за време на грејс период од една година, односно две години во првата година од имплементацијата, суспендираниот износ ќе биде повлечен и може да биде прераспределен меѓу другите корисници во следните години.

Еврокомисијата очекува комбинирањето на зголемената финансиска помош заедно со реформите да го забрза напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, да ја поттикне нивната економска конвергенција и тие подобро да се интегрираат во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата.

Согласно процедурите на ЕУ, покрај од претставниците на земјите членки, односно Европскиот совет, Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан треба да биде одобрен од страна на Европарламентот. Комисиите за надворешни работи и за буџет на ЕП треба да се изјаснат за документот на заедничката седница закажана за утре, по што тој би можел да се најде на пленарното парламентарно заседание што ќе се одржи в среда и четврток.

По формалното одобрување, Регулативата ќе стапи во сила следниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

Инаку, на денешната седница на Корепер, претставниците на членките на ЕУ, меѓу другото треба да се изјаснат и за Предлог-регулатива за автономни трговски мерки поврзани со Украина, како и за одлуката за именување член на Европскиот ревизорски суд.

Tags: ЕУЗападен БалканКОРЕПЕР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ