• Latest

Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

April 15, 2024
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

April 15, 2024 07:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април.

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје, на три локации во централното градско подрачје и пред граѓаните во Гостивар, каде вечерта ќе одржи митинг.

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски синоќа одржа средби со граѓаните во Кратово и Старо Нагоричане, каде порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска – Давкова немаат идеја, ниту план за тоа што да прават со евроинтегративниот процес. На митингот во Крива Паланка рече дека ако ја добие довербата на грѓаните, државата ќе продолжи сигурно кон Европа.

Од центарлниот митинг во Куманово рече дека ќе остане истиот претседател, на сите што живеат во Македонија.

-Ако на 24 направиме масовна политичка стабилизација, ве уверувам дека ќе биде обична „егзекуција“ да го завршиме процесот на 8 мај. Ве замолувам сите масовно на гласање и заокружување на бројот 1 на 24 и „второто полувреме“ и мечот да го добиеме на 8 мај, повика Пендаровски.

Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова  ги посети општините Петровец и Центар, а вечерта се обрати на митингот во Кисела Вода од каде ја испрати пораката дека ако биде избрана за шеф на државата, нема да прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниту една основа, партиска, етничка, верска или социјална, туку напротив, како што рече, ќе ги обединува и ќе ги претставува сите подеднакво.

– Легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните и тоа е најдоброто решение за демократијата. Таа повтори дека е против шефот на државата да се бира во Собранието. Потенцира и дека земјава сака да биде дел од европското семејство каде историски, географски и културно припаѓа, но само доколку се почитува нејзината различност, како што се респектираат различностите на членките на Унијата и на другите кандидати за членство.

Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на државата предложена од партијата Левица вчера на митингот во Кавадарци на присутните им посочи зошто би била подобра од нејзините противкандидати. Според неа, тоа е така затоа што има програма, идеја, идеологија и верува во победа.

– Ние не сме албанофоби. Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани. Нема веќе делење. Сите деца ни отидоа затоа што овде веќе не им се живее, изјави Ванковска.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи оствари средби со жителите од повеќе населени места од кривогаштанскиот и од долненскиот регион. Османи нагласи дека води позитивна кампања и додаде дека на овие избори се наоѓаме пред голема дилема.

– Се наоѓаме пред дилемата: Дали интеграција или изолација, дали соживот или етнички тензии, дали прогрес или регрес. За жал, тие се двете понуди и јас сум среќен што можам во име на Европскиот фронт, најголемиот мултиетнички блок да понудам интеграција за пет години соживот помеѓу етничките заедници, правда и еднаквост и можност секој граѓанин да сонува и да го оствари својот сон, независно од кое семејство потекнува, од која етничка припадност е, од социјална категорија, од село или град. Секое дете да може да сонува и тоа да го оствари, а државата да му помогне, а не да му попречи во тоа, рече Османи.

Коалицијата Влен (Вреди) ги одложи вчерашниот митинг во Гостивар и сите денешни активности на претседателскиот кандидат Арбен Таравари поради тоа што во сообраќајна несреќа загина младиот гостиварец Е.А.

Tags: избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ