• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Хиперсонична руска пропаганда во дел од македонските информативни агенции

April 15, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Хиперсонична руска пропаганда во дел од македонските информативни агенции

April 15, 2024 16:12
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, неколку високи функционери на една политичка партија, непосредно пред почетокот и особено за времетраење на изборната кампања, во своите изјави во медиумите го минимизираат, па дури и целосно го негираат руското влијание во Северна Македонија.

Истовремено, како што констатира Џабир Дерала  во интервју на „Слободен Печат“, за жал, во оваа валкана игра се вклучија и дел од граѓански организации во земјава, платени од ЕУ и други фондови во западните демократски земји, овозможувајќи и на руската малициозна пропаганда да ги загрози нашите национални интереси и безбедноста на земјава.

Според согледувањата на Мониторинг тимот на Цивил, напротив, состојбата е обратна. Само од почетокот на оваа година има регистрирано и архивирано повеќе од 3.000 различни облици на злоупотреба на јавната комуникација преку социјалните мрежи и медиумите, вклучително и мејнстрим медиумите, телевизиите и националниот сервис.

Таков е случајот и со објавувањето за време на викендот од страна на неколку портали во земјава на соопштението на руското Министерство за одбрана за успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Следејќи ја трагата до изворот на веста, особено ако се земе предвид дека посочените медиуми досега не биле во центарот на ширење на руската пропаганда во земјава, Мониторинг тимот на Цивил дојде до сознание дека тие всушност, најверојатно по автоматизам, без да се посомневаат во „веродостојноста“ на изворот, веста интегрално ја преземале од државната информативна агенција МИА.

Истиот извор го наведува и еден од порталите.

Според МИА, се чини дека е од суштинско значење за нашата земја пренесувањето на соопштението на Министерство за одбрана на државата агресор, во кое се глорифицира големиот успех на руските вооружени сили кои успешно тестирале интерконтинентална балистичка ракета на полигонот Капустин Јар во јужниот дел на Астраханската Област, со што се потврдува високата сигурност на руските ракети во осигурувањето на стратешката безбедност на Руската Федерација. На истата онаа Руска Федерација чија влада ја стави Северна Македонија на листата непријателски земји, додека истовремено, Северна Македонија е членка на НАТО, и претендент за членство во Европската Унија.

Да потсетиме, токму „семоќните“ и „незапирливи“ руски хиперсонични ракети, опремени со нуклеарни боеви глави, насочени кон главните европски градови беа меѓу омилените закани на руските пропагандисти, како Маргарита Симонјан, Владимир Соловјов, Дмитри Киселов, Олга Скабеева, Алексеј Журављов, кои на руската државна телевизија се закануваа симулирајќи напади со хиперсонични ракети на Берлин, Париз и Лондон, и според нивните крајно апокалиптични сценарија, Берлин би бил уништен за 106 секунди, а Париз и Лондон за околу 200 секунди по лансирањето на ракетите.

Дали со објавата на ова соопштение на руското министерство за одбрана на сајтот на  државната информативна агенција им се дава премногу медиумски простор на Руската Федерација, која изврши воена агресија врз соседна независна земја (Украина) и нејзиниот арсенал од ракетни оружја (сега збогатен со успешно тестираната ракета) со кој секојдневно ги бомбардира украинските градови и цивилната инфраструктура, со смртни последици врз цивилното население, вклучително и голем број деца?

Tags: македонски медиумиМИАруска пропагандаруски хиперсонични ракети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ