• Latest

Османи: Универзална човекова должност е да се осуди која било форма на геноцид

April 17, 2024

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Османи: Универзална човекова должност е да се осуди која било форма на геноцид

April 17, 2024 13:33
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Северна Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“.

-Не очекував реакции, дури сум малку и шокиран од реакциите на дел од граѓаните кои мислам дека се поттикнати од одредени политички партии. Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането… Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат. Република Северна Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница. Така што, мислам дека овие реакции и интерпретации се жални, бидејќи немам дилема дека кој било граѓанин во Република Северна Македонија нема да го осуди убиството во еден ден на над 8000 цивили – деца, возрасни, кои биле истребени, иако со одлука на Советот за безбедност било прогласена безбедна зона, изјави Османи од седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз каде што пред неговата изјава беше организирана панел-дискусија.

Коспонзорирањето значи дека државава е дел од иницијативата, предложена од Босна и Херцеговина, и со другите земји коспознори учествува во составувањето на текстот на резолуцијата. Таа денеска ќе биде претставена пред Генералното собрание на Обединетите нации пред гласањето на 2 мај.

Османи нагласи дека посебно од нашата држава се очекува да биде коспонзор „како еден од најголемите промотори на мултиетничноста и различноста“ и посебно од нас се очекува, рече, „да осудиме секој говор на омраза и секое убиство засновано на омраза кон другите“.

Во однос на реакциите од Србија ја нагласи важноста од помирувањето и посочи примери од историјата кога државници се извиниле за жртви во конфликти и војни, меѓу другото посочувајќи ги Франција и Германија кои, рече, денес се најголемите пријатели „бидејќи се залечени раните со јасно зборување за тоа што се случило“, како и на мерките што ги презема Германија за сеќавање на холокаустот.

-Горд сум што Северна Македонија е дел од коспонзорирањето на резолуцијата. Тоа е единствен начин да се спречи повторување на таквото дело. Геноцидот не е само актот на истребување туку почнува со говор на омраза, а завршува со негово негирање. Затоа не смееме да бидеме дел од ниту една фаза од геноцидот, туку напротив Северна Македонија треба да биде промотор на таквите вредности. Би сакал тука до мене денеска да беше и министерот за надворешни работи на Србија, и на Босна и Херцеговина, и сите заедно да се помириме. Затоа што има две опции – или војување или помирување. Војните на Балканот завршија, единствена алтернатива ни е да се помириме, да ги залечиме раните и да се извини секој кој сторил дела спротивни на меѓународното и хуманитарното право, за да може да продолжиме понатаму како што тоа го направила Европската Унија,  истакна Османи.

Прашан во врска со апелот од учесници на дискусијата да се покрене судска постапка против лидерот на Демократска партија на Србите во земјава Иван Стоиљковиќ кој во реакција на коспонзорирањето ја нарече Сребреница „некрофилски дизниленд“, Османи одговори дека нема да навлегува во тоа зашто е изборен процес и „може да се интерпретира поинаку“.

-Но, се разбира, по допрен глас институциите можат да реагираат. Во Министерството имаше вчера средба со амбасадорката на Република Србија и ние јасно го кажавме нашиот став дека ова не е однос кон Србија, не е однос кон српскиот народ, ова е однос кон едно злосторство кое е направено и за кое меѓународните судови веќе имаат констатирано дека е геноцид и дека негирањето и глорифицирањето на сторителите е продолжување на геноцидот во друга форма. Мислам дека е најдобро и за Србија да ја залечи оваа рана како што тоа го направија Германците и како што го направија сите народи. Секаде каде што има меѓународна судска одлука за злосторство против човештвото јас не правам поделби во однос на сторителите. Утре може ние да  бидеме жртва или генерациите што доаѓаат по нас и затоа не смееме да останеме неми на злосторства од тој тип, туку, напротив, да ги објасниме, посебно пред децата во образовниот процес, рече Османи.

На прашањето дали со денешната посета на партијата на Бошњаците ги разграничува активностите меѓу функцијата министер и кандидат за претседател на државата, одговори дека одлуката за коспонзорирање е на МНР, а дека денеска е поканет од Бошњачкиот демократски сојуз за заедно со министерот на БиХ, Елмедин Конаковиќ, да ја објаснат резолуцијата на ОН за Сребреница.

Конаковиќ во видеообраќање на дискусијата се заблагодари на Северна Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот.

-Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8000 момчиња и мажи, 1000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Бројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство, систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница, беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на различни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе кои спроведуваат одговорни политики во Северна Македонија, рече Конаковиќ во видеообраќањето.

На дискусија учествуваа и претседателот на Бошначкиот национален совет, Џевад Хот, граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ и адвокатката Едина Зекировиќ-Фазлагиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БиХМНРОсманиСребреница
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ