• Latest

24 ЧАСА: ДИК не го прифати приговорот на ВЛЕН за Липково; за Меџити приоритет е европската интеграција; ЕП повика 15 компании на прекин со рекламирање во проруски медиуми на Балканот

April 29, 2024

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДИК не го прифати приговорот на ВЛЕН за Липково; за Меџити приоритет е европската интеграција; ЕП повика 15 компании на прекин со рекламирање во проруски медиуми на Балканот

April 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.

На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

“Ние не сакаме да бидеме по секоја цена од некоја влада која нема да биде европски настроена. Значи, не со било кој. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада. Другите партии, кој повеќе – кој малку се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција. Ние сега сме фокусирани на промовирање на нашата програма и на победата и убедени сме дека ние ќе бидеме претставници и ќе го имаме легитимитетот на Албанците и ќе имаме повеќе пратеници Албанци. Ќе го имаме Бадентерот. Ова е нашиот фокус до 8 мај, потоа ќе седнеме и ќе преговараме за програмата на владата каде што ќе има усогласување“, изјави Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Од 24 февруари 2022 година, руската армија ги нападнала украинските термоелектрани речиси 180 пати.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) на состанок на 2 мај во Женева, ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Северна Македонија. 

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на Денот на МНР – 29 Април и 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба на Северна Македонија, истакана дека успеавме Северна Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки.

ПРОПАГАНДА

Брисел повика 15 истакнати компании, вклучувајќи ги Лидл, Кока-Кола и Л’ореал да ги прекинат своите рекламни кампањи во про-Кремљ медиуми низ Бikалканот. Оваа директива, наведена во писмо од членовите на Европскиот парламент, има за цел да го спречи ширењето на штетни дезинформации и пропаганда.

КОНФЛИКТИ

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

„Помина првиот круг од претседателските избори, на кој отпаднаа пет кандидати, а во вториот круг ќе се натпреваруваат кандидатите Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, и актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата“, повеќе во ИЗБОРНАТА ХРОНИКА „Предизборни повици и одбивања за коалиции, закани, ултранационалистички пораки, национално единство“.

ИНТЕРВЈУ

Интервју за Иницијативата „Ти одлучуваш. Гласај! со Сашо Орданоски: Секогаш е подобро да се гласа отколку да се седи дома

СЛОБОДНА ЗОНА

„Пропагандните и дезинформациони операции во пресрет на изборните процеси (и воопшто) претставуваат критична компонента на хибридното војување оркестрирано од Русија против демократските земји“, пишува Џабир Дерала во  вториот дел од анализата Три клучни фактори во изборната динамика: Национализам, руско влијание и политичка инертност, објавена на 27 април 2024, на ЦИВИЛ МЕДИА „Влијанието на руските хибридни тактики врз изборните процеси“

„Замислете само, во новата влада министер за внатрешни работи да биде Албанец и „спонтано“ неколку полициски службеници да му ја отпејат патриотската албанска песна „Mora fjalë“ или како што ние си ја знаеме „Чу Адем“…? Како тогаш ќе се чувствуваат нивните колеги/другари, оние што пееја „делете ја, парчете ја“… или дали ќе има вакво одобрување и молк од медиумите и неутралците?“, пишува Дехран Муратов во „Делете ја, парчете ја…“

„И така, понудата на Вреди која ветува промени, не е различна од тоа што сме го имале во минатото. Кандидати стануваат исклучиво високи партиски лидери и „фактори“ до нив или анонимни, за жал повеќе кога се работи за припадничките на недоволно застапениот пол, што докажува дека на листите се заради квотите, а не заради меритократијата“, пишува Сефер Тахири во „ВРЕДИ“ нуди промени со испробани кандидати“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дневникизборимеидумипропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ