• Latest

„Дневник“ ја укинува новинарската награда „Менде Петковски“?

January 24, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Дневник“ ја укинува новинарската награда „Менде Петковски“?

January 24, 2017 13:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дневниот весник „Дневник“ годинава ја доведува во прашање традицијата на доделување на наградата за најдобар дописник – „Менде Петковски“ која се доделуваше 11 години по ред. За ваквата одлука, сопругата на починатиот новинар, Светлана Петковска дознала, откако не бил распишан конкурсот во декември минатата година. Неофицијално, причината е – штедење…Сопругата на новинарот Менде Петковски, чие име го носеше наградата, разочарана, вчера на својот фејсбук профил напиша дека доколку „Дневник“ не продолжи со доделувањето на наградата, таа самата ќе го стори тоа.
„Денес разбрав дека оваа година ‘Дневник’ ја прекинува традицијата, заради финансиски проблеми, и нема да ја доделува повеќе. Си велам, да ја продолжам јас традицијата, а, што велиш? Можеби немам 500 евра за награда (толку изнесуваше), ама ќе направам убава плакета и да ја доделам. Што ме учиш? Колегите со кои контактирав ме поддржуваат во намерата. Битолчани, исто така“, стои во објавата на Петковска.

ЦИВИЛ Медиа го контактираше помошникот на главиот и одговорен уредник на „Дневник“, Бранко Ѓорѓевски, кој немаше коментар за ситуацијата околу наградата.

Поранешниот уредник на Петковски, новинарот Бранко Героски, на својот Фејсбук профил предложи доделувањето на наградата „Менде Петковски“ да го преземе Здружението на новинари на Македонија.

Во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Петковска рече дека освен поддршката на социјалните мрежи, никој досега не се понудил да ја продолжи традицијата. „Не ни очекувам некој да се јави. Едноставно, сакам да се продолжи традицијата во име на новинарската заедница во Македонија“ изјави таа.

Маја Ивановска

Tags: ЗНММенде ПетковскинаградиновинариСветлана Петковска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ