• Latest
The Pentagon

Поранешен вработен на Пентагон осуден на 21 година затвор за шпионажа во корист на Русија

April 30, 2024

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Поранешен вработен на Пентагон осуден на 21 година затвор за шпионажа во корист на Русија

April 30, 2024 19:16
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
The Pentagon

The Pentagon

Share on FacebookShare on Twitter

Џаред Себастијан Далк, поранешен вработен во американската Агенција за национална безбедност (НСА), која спаѓа под Пентагон, од суд синоќа беше прогласен за виновен и осуден на 21 година затвор за обид за шпионажа, јави весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Триесет и две годишниот специјалист за развој на безбедност на информациски системи беше прогласен за виновен после обид за предавање тајни информации од одбраната на руски агент, чија улога ја извршувал вработен на Федералното биро за истраги (ФБИ.)

За предавањето на информациите Далк побарал 85.000 долари бидејќи имал долгови од студентски кредит и кредитна карта, а исплатата ја барал во крипто валута.

Според Министерството за правда на САД, во септември 2022 година Далк на агентот на ФБИ му предал четири доверливи фајла, како и кратки извештаи од три документи вклучувајќи и оценка на заканите по одбранбениот потенцијал на САД. Според ФБИ, обвинетиот имал пристап до строго доверливи информации и потпишал доживотен договор за нераспространување, пренесува МИА.

Покрај финансиските Далк имал и идеолошки побуди. Како што му рекол на тајниот агент, тој сакал да помогне на Русија со тоа што се стремел да постигне „избалансирана вага на светот“ и да предизвика промени, но и да ги „исполнувам моите интереси“.

Веднаш по испраќањето на документите преку електронска пошта, оперативци на ФБИ го задржале ова лице, кое потоа целосно ја признало вината.

-Оваа пресуда демонстрира дека оние кои ќе ја предадат нашата земја ќе бидат повикани на одговорност за своите злосторства, изјави генералниот обвинител на САД Мерик Гарланд.

Tags: ПентагонРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ