• Latest
Фото: МИА архива

Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори

May 2, 2024
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

September 10, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, остануваат уште 5 дена до последниот рок за пријавување

September 10, 2025

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

September 10, 2025

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

September 10, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори

May 2, 2024 07:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

Денеска, пак, е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес.

Двајцата кандидати за претседател синоќа се соочија на предизборен ТВ дуел, со спротивставени ставови за уставните измени, ЕУ интеграцијата, името, настаните во Собранието од 27 април, состојбата во судството…

– Ќе го почитувам, но нема да го употребувам – рече Силјановска-Давкова за тоа каков ќе биде нејзиниот став кон уставното име Северна Македонија како иден шеф на државата.  Во дебатата со противкандидатот Стево Пендаровски кажа дека ќе употребува Македонија и дека на тој начин не прави конфузија.

Пендаровски, пак, ѝ реплицираше дека е невозможно да не го употребува уставното име од говорницата во Обединетите нации, во ЕУ, НАТО и други меѓународни институции и дека тоа ќе доведе до исфрлање на државава од Алијансата.

VMRO-DPMNE presidential candidate Gordana Siljanovska-Davkova says she will pardon the persons who were sentenced for the storming of the Parliament on 27 April 2017, while her opponent Stevo

Кандидатите за претседател ги кажаа различните ставови и за уставните измени и за тоа дали преговорите со ЕУ се почнати или не. Според Пендаровски, тие почнале со одржувањето на  првата меѓувладина конференција и рече дека не оди едно без друго Преговарачката рамка и промената на Уставот.

Силјановска-Давкова, пак, го праша Пендаровски како може да ветува промена на Уставот кога тоа не е негова надлежност туку него може да го сменат само гласовите на пратениците во Собранието и, како што рече, „како никој не се сетил да им каже на оние од Советот и од Европската комисија и сите останати дека со тоа се рушат темелните вредности на ЕУ“.

На прашањето која би била нејзината порака при прва средба со претседателот на Бугарија и со претставниците на Унијата, одговори дека ќе го потсети на Преамбулата на Договорот за пријателство и добрососедство, дека секој договор не е вечен и може да се смени и дека во Договорот „нема ниту еден збор за уставните измени“.

Пендаровски во врска со внесувањето на Бугарите во Уставот посочи дека е услов што треба да се помине за да продолжат преговорите кои, рече се блокирани поради ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска Давкова најави и дека како иден шеф на државата ќе го искористи механизмот на помилување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Нејзиниот противкандидат од СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски е против и смета дека амнестија за такво дело не треба да има. За него настаните од 27 април биле насилен чин, организиран од партијата која тогаш била на власт и обид за насилно уривање на уставниот поредок. Силјановска Давкова, пак, смета дека имало насилство и луѓето требало да бидат судени за тоа, но, како што наведе, далеку од умот и од правото е дека имало терористичко рушење на уставниот поредок.

СООПШТЕНИЕ - Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, п

Кампањата за парламентарните избори, пак, вчера беше во знакот на одбележувањето на 1 Мај и ветувања за подобар статус на работниците, но и со меѓупартиски пораки и обвинувања.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник во Градскиот парк во Скопје порача дека „враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, и ако се дозволи тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“.  Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првомајската порака истакна дека денес работничките права се прекршени и погазени. Смета дека државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на економијата, за мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата и не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Максим Димириевски од ЗНАМ од Пелинце го обвини раководството на СДСМ за ароганција, дека не ја прифатило подадената рака, за погазување на социјалдемократијата, илинденските и асномските левичарски вредности и принципи.

Од СДСМ му одговорија дека тој е човек-партија кој одработува против своите довчерашни сопартијци, за личен интерес. Го обвинија за договарање соработка со ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на Гордана Силјановска Давкова.

Левица ја претстави својата програма пред Конфедерацијата на слободни синдикати. Тврдат дека се единствена партија на трудот, која даде поддршка на синдикалните протести и ги повикаа работниците да им дадат поддршка на претстојните избори. Партискиот лидер Димитар Апасиев очекува Левица двојно да го зголеми резултат од првиот круг на претседателските избори и да освои од 80 до 120 илјади гласови на парламентарните избори со проекција од осум до 12 пратеника зависно од излезноста. На следниот мандатар му порача дека основа за преговарање е Македонската платформа за национално единство.

Европскиот фронт најави дека ветингот ќе биде услов за новата влада. Според нив, без воспоставување ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Европски фронт инсистира и на примена на проверка на руското влијание и антидржавните служби за да се елиминира ризикот од дестабилизација и дезориентација на земјата од евро-американската ориентација.

Од Коалиција „Храбро за Македонија“, пак, предизборно ветија економски мерки со таргет цената на лебот да биде 20 денари, на млекото 30, а на зејтинот 40 денари, како и намалување на даноците, нулта стапка оданочување за иновациски, информатички и високо технолошки знаења.

Во меѓувреме течат активностите за спроведување на изборите на 8 мај. ДИК, според роковникот за изборните дејствија, вчера на овластено лице во МНР му го предаде гласачкиот материјал за гласање во ДКП-та. МНР, гласачкиот материјал на ДКП го доставува веднаш по приемот, а најдоцна до крајот не денов. Членовите на ИО во ДКП гласаат во ДИК три дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 4 мај (сабота).

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ